Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Клучниот сведок кој ги поврзал убиствата на Вања и Панче се уште недостапен

Судот ќе го бара Гоце Трајковски – клучниот сведок за двојното убиство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судот ќе го бара Гоце Трајковски – клучниот сведок за двојното убиство кој водел паралелна истрага со полицијата по исчезнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска. Доколку не го обезбеди, оти во моментов не е достапен на органите на прогонот, ќе одлучи дали неговиот исказ даден пред обвинителот ќе го прифати како доказ во судската постапка.

На денешното рочиште сведочеа полициски службеници кои присуствувале на претресот во семејниот дом на Палевски во село Глуво. Вечерта на 3-ти декември лани околу два часа полицајците биле во куќата во која биле брат му со сопругата и мајка им.

Од телефонот на Блаже Палевски во истиот период додека траел претресот било вртено на бројот на Вања и за ова имало записник кај обвинителството. Но полицајците не биле сведоци на такво нешто во домот на Палевски. Единствениот повик, велат сведоците бил од Блаже Палевски кон неговиот адвокат.

Реклама

„Со претресот земавме еден лаптоп, еден таблет и Ајфон 6. И ги предадовме за понатамошни испитувања за потребите на колегите од Крвни деликти. Претресот беше околу 20ч. и 30 минути, имаше ангажирано адвокат кој присуствуваше на цел претрес. Претресот заврши околу 22 и 30 минути“ – изјави сведокот Елвис Ибрахим.

И вториот сведок, вработен во Единицата за економски и компјутерски криминал, потврди дека телефоните не им биле одземени туку само ги имале на увид за време на претресот.

Дали од некое службено лице е извршено вртење на телефонскиот број на Вања? – Од моја страна не беше забележано такво нешто, ниту јас, ниту други лица. Освен од Блаже Палевски кој вртеше кон својот адвокат, друго вртење од моја страна не беше забележанo“ – изјави Тодорче Георгиевски.

Првообвинетиот Палевски приговараше по сведочењето на двајцата полицајци.

„Оштетеното дете на денот на претресот е пет дена убиено. Ниту брат ми, ниту мајка ми не знаеле број од оштетеното дете Вања и кога им биле одземени телефоните не може да вртат, а просечно интелигентен човек знае дека кога има претрес во дом, се врти на телефон кој може да биде најден во околината. Сето тоа се злоупотребува од ОЈО, на 26 сведоци не најде ниту време ниту можности зошто брат ми вртел на телефон кога детето е убиено веќе пет дена“ – изјави Палевски.

Судењето за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски продолжува во петок кога ќе почне изведувањето на материјалните докази.