Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Голема полициска акција во струшко-гостиварскиот регион: Разбиена терористичка група, уапсени неколку лица

Четворица македонски државјани формирале терористичка ќелија која планирала напади и инциденти со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четворица македонски државјани формирале терористичка ќелија која планирала напади и инциденти со кои би предизвикале дестабилизација. Полициската акција на повеќе локации во Струга и Гостивар растури план на четворица терористи кои имале екстремистички намери, а групата сакале да ја прошират со луѓе од Македонија и Балканот. Полицијата има докази дека теорирстичката ќелија насоките ги добивала од терористички групи од други земји. Безбедносните органи подолго време ги следеле, а во акцијата им помогнале и меѓународните партнери.

  • „Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија така и на други држави. Нивната цел била да коптрираат останати луѓе од овие простори, од Балканот кои што би можеле да дејствуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели“ информираше министерот за внатрешни работи Тошковски.

Клучното прашање на кое одговор ќе треба да даде истрагата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, е со кои екстреминистички групи соработувала групата од Македонија и какви дејствија планирале.   

  • „Дел од претресите се вршени во Струга, дел во Гостивар, мислам дека сега за сега доволни се овие информации. Кривичното дело кое е поднесено е терористичка организација, 394-а мислам дека беше, а да мотивите на оваа теориристичка келија имаме основани сомненија дека се поврзани со одредени групации кои што се поддршка на есктримистички и религиозни групи. Следени се подолг период, и по насока на Судот и обвинителството е постапено, и во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и ќе следат постапки согласно законите“ рече Тошковски.

Повеќе детали за истрагата Обвинителството најави за утре.

Реклама
  • „По наредба на јавен обвинител МВР се уште постапува на терен, се извршуваат претреси и се прибираат докази, кривичната пријава се очекува во текот на вечерта,  повеќе детали ќе има во текот на утрешниот ден“ информираат од ОЈО ГОКК.

За замрзнати 20 џихадистички ќелии на терористички организации на Балканот па и во Македонија лани пишуваше италијанскиот весник „Ил темпо“.Според објавите тогаш, ќелиите постоеле две две години, а по случувањата во Израел биле со зголемена активноси. Италијански  „Ил Темпо“ повикувајќи се на извори од тамошните разузнавачки служби, објави дека повеќето вакви ќелии биле на косовска територија, во Албанија и Босна и Херцеговина, но постоеле и во Црна Гора, Србија и во Македонија.