Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Ристески: Над 900 производи во „Новогодишната кошница“

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска објави дека листата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска објави дека листата на производи од акцијата „Новогодишна кошница“ е зголемена на повеќе од 900 производи.

– Интересот за приклучување на компаниите во акцијата „Новогодишна кошница“ расте, за една недела листата на производи се зголеми од 650 на повеќе од 900 производи, напиша Ристески на социјалните мрежи.

Тој најавува дека од задутре, кога почнува акцијата па до 15 јануари граѓаните ќе можат да купат повеќе од 900 производи од 83 компании кои тие самите ги понудиле, со пониски цени од најмалку 10 проценти.

Реклама

Ристески се заблагодарува на компаниите кои се дел од акцијата (производители, дистрибутери и маркети), кои, како што нагласува, излегоа во пресрет на повиците на јавноста и на дело ја покажуваат нивната општествена одговорност.

– Листата на производи не е затворена и сите заинтересирани можат да се пријават со свои производи на [email protected]. Апелирам компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која што самите ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната www.dpi.gov.mk, наведува Ристески во објава на Фејсбук.

Претходно денеска премиерот Христијан Мицкоски рече дека бројот на производи опфатени со акцијата е зголемен од 600 на 800 и оти Државниот пазарен инспекторат ќе ја следи работата на маркетите.

Мицкоски уверува дека најавеното намалување на цените на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“ ќе го заштити семејниот буџет.

– Очекувам позитивни ефекти и очекувам за празниците потрошувачката кошничка да биде што побогата, изјави Мицкоски, по поставувањето камен темелник на нова фабрика во ТИРЗ Кичево.

Во листата на новогодишната потрошувачка кошничка спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

Изминатите денови пазарните инспектори ги мониторираа сегашните цени на производите коишто ги содржи акциската листа заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена. Целта на мониторингот е да се утврди дали по почетокот на акцијата трговците ќе се придржуваат до дадената иницијатива од нивна страна за акциско намалување на цените од 10 отсто или повеќе на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници.

Производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како дел од кампањата на Владата.

Акцијата „Новогодишна кошница“ ќе се спроведува заклучно со 15 јануари 2025 година. Граѓаните може да пријават неправилности на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страна на ДПИ www.dpi.gov.mk, на која е достапна и листата со производи.