Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Апелација ја укина пресудата за случајот „Беса Транс“, ќе се суди од почеток

Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда за случајот „Беса транс“, прифаќајќи ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда за случајот „Беса транс“, прифаќајќи ги жалбите на обвинетите.

Судскиот случај не е директно поврзан со причините за трагичната несреќа во Бугарија пред три години, кога животот го загубија 45 лица, туку се однесува на фалсификување документација за сообраќајна дозвола.

Според обвинителството, сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиу користел лажна потврда за дозвола преку возачите на автобусот, која не била издадена од министерството за транспорт и врски. Тој беше осуден на 20 месеци затвор. Одбраната посочи дека општата дозвола е легален документ кој бил во употреба, па затоа тврдеа дека не може да се квалификува како фалсификат.

Реклама

Одлуката на Апелациониот суд значи дека првостепената пресуда е поништена, што овозможува повторно разгледување на доказите и сведоштва во првостепениот суд.