Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Министерот Перински најави реформи: Регионалниот развој е еден од императивите на оваа Влада

Министерот Златко Перински најави сериозни реформи во локалната самоуправа и регионалниот развој,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот Златко Перински најави сериозни реформи во локалната самоуправа и регионалниот развој, нагласувајќи дека земјата се подготвува за членство во Европската Унија. Ова тој го изјави во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

„Регионалниот развој е исклучително битен сегмент, кој досега беше занемаруван. Почнуваме да градиме капацитети за да се адаптираме на потребите и политиките на ЕУ,“ изјави Златко Перински.

Во рамките на реформите, планирани се измени на Законот за локална самоуправа, кои ќе овозможат поголема транспарентност и учество на граѓаните во креирањето на локалните буџети.

Реклама

Министерот истакна дека ќе се создаде и комунална полиција за елиминирање на девијантни однесувања во локалните заедници.

„Сите овие промени ќе се спроведат на максимално транспарентен и отворен начин,“ додаде тој.

Министерот објасни дека Министерството активно работи на адаптирање на своите капацитети и процеси со цел да ги задоволи условите поставени од Европската Унија. Тој ги спомена земјите од регионот како примери, нагласувајќи дека многу од нив веќе го поминале патот на реформите.

„Никаде во регионот нема веќе Министерство за локална самоуправа, туку тие се Министерства за кохезија и регионален развој. Мислам дека тоа е соодветно, бидејќи овие земји веќе го поминале овој пат, кој ние допрва треба да го одиме,“ истакна министерот Перински, додавајќи дека земјата мора да се подготви за полноправно членство во ЕУ и за пристап до фондовите на Унијата.

Една од најважните иницијативи за локалната самоуправа е можноста за референдумско изјаснување за отповикување на градоначалниците, што ќе ја зголеми одговорноста на локалните лидери и ќе овозможи поголема контрола од страна на граѓаните. Министерот Перински истакна дека ова решение било присутно и во Законот за локална самоуправа од 1995 година, и сега се разгледува повторно како можност.

„Главната иницијатива за оваа промена произлегува од изразеното незадоволство на граѓаните од одредени сегашни градоначалници. Сметаме дека треба да им дадеме на граѓаните можност за отповикување на градоначалниците, а тоа било решено и во претходниот закон,“ нагласи министерот Перински.

Министерството за локална самоуправа, предводено од Златко Перински, работи и на подобрување на системот за учество на граѓаните во креирањето на локалните буџети, што ќе им овозможи на граѓаните да имаат поголема улога во донесувањето на одлуките кои директно ги засегаат. Министерот нагласи дека целиот процес ќе биде спроведен со висока транспарентност.

„Планираме да го дополнуваме законот така што ќе се овозможи поголемо учество на граѓаните во креирање на локалните буџети. Овој процес ќе се води на максимално транспарентен и отворен начин,“ додаде министерот Перински.

Процесот на измените на Законот за локална самоуправа веќе е започнат со поддршка од УНДП, а во него учествуваат како домашни, така и меѓународни експерти. Министерот Перински најави дека ќе продолжат со напорна работа за да се обезбеди успешна имплементација на сите планирани реформи.