Реклама

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Македонија

Мицкоски: Писменоста не е само учење на буквите и бројките, таа е мост што не поврзува со нашата култура, историја и со светот што нè опкружува

Во нашата држава, образованието и писменоста не се само индивидуални потреби туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во нашата држава, образованието и писменоста не се само индивидуални потреби туку и колективна одговорност. Тие се клучни за економскиот развој, за градење праведно и инклузивно општество и за зацврстување на демократијата, истакна во обраќањето претседателот на Владата Христијан Мицскоси на свечена академија по повод 22 Ноември, Денот на албанската азбука.

Тој напомена дека само писмени и образувани граѓани може да учествуваат во општествениот живот и да носат информирани одлуки и да придонесуваат за просперитетот на нацијата.

Зборувајќи за Битолскиот конгрес одржан во 1908 година, премиерот Мицскоски посочи дека група интелектуалци со мудрост и единство донеле одлука, која како што рече ќе го трасира патот кон иднината, создавањето на единствена и стандардизирана азбука.

Реклама

– Оваа одлука не беше само лингвистичка, тоа беше акт на создавање на иднина на културно обележје, рече Мицкоски.

– Овој ден, 22 ноември, нè потсетува на Конгресот во Битола, одржан во 1908 година. Таму, со мудрост и единство, интелектуалците донесоа одлука која ќе го трасира патот на албанскиот јазик ко

Премерот посочи дека наша заедничка обврска е да градиме општество во кое секој граѓанин, независно од етничката или јазична припадност, ќе се чувствува рамноправен и ќе има можност да го даде својот придонес за заедничкото добро.

– Во овој дух, албанската азбука е потсетник како писменоста и образованието мостови помеѓу луѓето, не темите кои нè разделуваат, не политичките барања на поединци кои многу години се криеја зад народот кого го крадеа јасното фокусирање кон приоритетите, кон јасните приоритети, реалните потреби за образование, економија и напредок ни помагаат да ги надминеме, рече Мицскоски во обраќањето.

Тој зборуваше и за важноста на писменоста и образованието и ги оцени како основата на нашиот индивидуален и колективен развој.

– Писменоста не е само учење на буквите и бројките, таа е мост што не поврзува со нашата култура, историја и со светот што нè опкружува. Образованието пак ја надоградува писменоста и ни овозможува целиот спектар на можности што ни стојат на располагање, рече Мицкоски.

Првиот човек на Владата напомена дека во земјава, образованието и писменоста не се само индивидуални потреби туку и колективна одговорност, а дека писмени и образувани граѓани може да учествуваат во општествениот живот и да придонесуваат за просперитетот на нацијата.

– Писменоста и образованието не се луксуз тие се основни права и најможно инструменти за трансформација на нашето општество. Нивната важност не може да се измери со бројки, но нивното влијание се гледа во подобриот живот на секој поединец и напредокот на целата заедница. Да вложуваме во писменоста да ги отвораме вратите на писменоста за сите. Да создаваме општество во кое знаењето ќе биде најсилната валута. Само така можеме да изградиме држава што ќе биде подготвена за иднината, порача премиерот Мицкоски.