Реклама

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Македонија

Трајков: Важна е улогата на граѓанското општество во европските интеграции 

Зголемување на соработката, размена на искуства за европската интеграција, поддршка на граѓанското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемување на соработката, размена на искуства за европската интеграција, поддршка на граѓанското општество, прашања поврзани со јакнењето на демократијата и владеењето на правото. Овие теми беа во фокусот на разговорите меѓу заменик министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков со претставници на Фондацијата за граѓанска Унгарија, која е партиска фондација на унгарската владејачка партија Фидес.

На состанокот, доцент д-р Трајков истакна дека нашата земја  е целосно посветена на реформските процеси неопходни за напредокот кон Европската Унија, нагласувајќи дека партнерствата со организации како Фондацијата за граѓанска Унгарија можат да дадат значителен придонес во споделувањето добри практики и поддршка на граѓанските иницијативи кои го поттикнуваат демократскиот развој на земјата. 

Таа ја подвлече важноста на зајакнување на улогата на граѓанското општество во европските интеграции, вклучително и зголемување на капацитетите на организациите кои работат на овие прашања.

Реклама

Претставниците на Фондацијата за граѓанска Унгарија ја истакнаа својата подготвеност да ги споделат своите искуства од соработката со други земји во регионот, како и во поддршката на програми за градење капацитети во јавните институции и граѓанскиот сектор.

Тие ја изразија поддршката на Унгарија за европските аспирации на Македонија, потенцирајќи дека интеграцијата на Западен Балкан е клучна за стабилноста и просперитетот на Европа.

Двете страни се согласија дека континуираната поддршка за граѓанскиот сектор  е основа за успешно приближување кон Европската Унија и изразија подготвеност за идни иницијативи и програми насочени кон промовирање на европските вредности во нашата држава.