Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

По цел ден молк на СДСМ заради резилот од лумперајката на Филипче во Дубаи, се јави Лукаревска

По целодневен молк, кој во јавноста се протолкува како оддавање сочувство за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По целодневен молк, кој во јавноста се протолкува како оддавање сочувство за резилот од силната лумперајка на претседателот Филипче со ексот Заев во Дубаи, денеска, конечно, е пробиен молкот во опозициската партија. Се јави потпретседателката Сања Лукаревска, која вчера не ја видовме на фотографиите од дебаклот на Извршниот и Централен одбор на СДСМ, на кој отусуствуваа редица извикани партијски фаци.

„Заврши медениот месец на Владата, видовме одредени дисонантни тонови, зошто едно слушавме кога беа во опозиција и тоа беше бранот на којшто се водеа нивните политики и оние гласови што ги земаа“, рече Лукаревска.

Таа потенцираше дека ДПМНЕ многу често се однесува како да се во опозиција, па наместо претставниците на владејачката партија во парламентот, да даваат одговори, тоа мора да го прави опозицијата. Лукаревска се осврна и на буџетот за 2024 година, за кој ДПМНЕ обвинуваше, но и за сегашниот за 2025 за кој треба да се расправа.

Реклама

-Ние како СДСМ имаме конзистентен став и во делот на просечната плата, и во делот на минималната плата, а бевме обвинувани постојано дека  расипнички  и душмански сме трошеле од буџетот, во 2024, е сега следната недела ќе почне расправа за новиот буџет за 2025, па тогаш не знам кој аргументи ќе ги каже власта”, рече Лукаревска.

Не кажа зошто скоро половина раководство вчера не беше на позициите во Централниот и Извршниот одбор на партијата, ниту дали бојкотот е одраз на нивната лутина за скандалите на претседателот на СДСМ. Не ја коментираше ни дубајската лумперајка на Филипче и Заев.