Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

За 4 месеци сработено повеќе отколку за две години – експропријацијата забрзува, исто како и градбата на инфраструктурата

За 4 месеци сработено повеќе отколку за две години. По подолг застој,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За 4 месеци сработено повеќе отколку за две години. По подолг застој, забрзано се врши експропријација на имотите долж патиштата, па поради тоа и градењето се одвива со побрзо темпо. Од сите проблеми со кои надлежните се соочија при изведбата на автопатот Кичево – Охрид, експропријацијата беше еден од најтешките и најбавните. Дополнително, надлежните велат дека ниту еден предмет за експропријација не бил комплетиран на стартот на летово за делниците што ги гради „Бехтел и Енка“. Најавија дека 2.400 предмети за експропријација не се завршени, но дека прават напори се да биде готово до Нова Година. Од градежната компанија  Гранит велат дека бирократијата, но и неразрешените имотно-правни односи значително ги кочеле процесите. Значителен напредок имало во последниве неколку месеци, но Здружението за градежништво побарало законски измени за експропријацијата да се одвива побрзо и компаниите да избегнат да плаќаат пенали поради доцнење.

„Воспоставување на еден таков систем интегриран помеѓу сите тие институции и утврдување на тие рокови и мала измена на самата постапка ќе даде една можност за капиталните проекти да можат да ги остварат своите целосни капацитети. Верувајте и инвеститорот и изведувачот се во многу незавидна положба во тие постапки. Од една страна, нас не газат роковите и притисокот ние проектот да го изведеме најефикасно и да не потрошиме многу пари, а од друга страна имате ограни кои треба да ја завршат својата работа, да донесат определено решение за да можете вие тоа да го спроведете“ – вели Марија Шеќероска – раководител на Служба за правни работи во  Гранит.

По најавите за рекордно ниво на инвестиции од над 800 милиони евра за изградба на патишта, пруги, училишта, градинки и други инфраструктурни проекти, градежните компании тријат раце. По долгогодишна замреност, се надеваат дека и тие ќе излезат од криза, но и граѓаните и фирмите ќе добијат побрз превоз и транспорт на стоки.

Реклама

Градежниците особено се надеваат дека работите ќе тргнат на подобро со изградбата на четирите делници кои ги гради Бехтел и Енка. По откочувањето на процесите, веќе се видливи резултатите на терен. Владини претставници веќе извршија увид во патните правци Прилеп – Битола и Гостивар – Букојчани кадешто забрзано се гради. Проектот треба да биде готов за повеќе од 4 и пол години.