Реклама
Економија

Перински и Tрипуновски ги повикаа Kостадинов и Jакимовски да размислат за одлуката да ја напуштат ЗЕЛС

Со излегувањето од ЗЕЛС губат најмногу само граѓаните на Општина Струмица и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со излегувањето од ЗЕЛС губат најмногу само граѓаните на Општина Струмица и на Општина Карпош. Минстерот за локална самоуправа повика на разумно однесување, затоа што само единствен ЗЕЛС може да биде партнер на Владата и да работи во интерес на граѓаните.  Во однос на обвинувањата од градоначалникот Костадинов за одбивањето на проектот од Општина Струмица за средства од владата, Перински објаснува дека за време на процесот му било објаснето на градоначалникот дека не може да  конкурира со проект кој веќе се работи. Министерот е дециден – нема политичка позадина во одлуката:

За обструкции беше обвинет и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски,  конкретно за случајот со водата за пиење во Струмица, за кој Костадинов смета дека е политичка хајка.  Законот е јасен – обврска на локална самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење на граѓаните. Министерот за земјоделство посочува дека Владата понудила помош:

Од Град Скопје пак обинуваат дека претседателот на ЗЕЛС ја политизирал институцијата и поради тоа градоначалниците ја напуштаат.  

Реклама

Метрополата од друга страна се соочува со бројни проблеми. Како што вели Перински „пука по сите шавови“ , долговите се бројат во милиони и догодина ќе мора да се бара системско решение

И додека градоначалникот на Струмица преку фејсбук статус вчера соопшти дека го напушта ЗЕЛС, Стечо Јакимовски и денеска повтори дека размислува на таков потег доколку претседателот на асоцијацијата Орце Ѓоргиевски продолжел немо да ја следи ситуацијата и не презел чекори за вразумување на министрите. Вчера Ѓоргиевски подаде рака за дијалог за надминување на проблемите.