Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Мицкоски најави стратегија во соработка со МАНУ за развој на Македонија до 2050-тата година

Владата и МАНУ ќе договараат проект преточен во стратегија за Македонија до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата и МАНУ ќе договараат проект преточен во стратегија за Македонија до 2050 година – најави премиерот Христијн Мицкоски.Со овој проект ќе се дефинираат приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели, и како да се стигне до нив, земјоделски, технолошки развој, енергетски и транспортен развој. За таа цел, премиерот повика да се направи национална стратегија со стручни лица и ги повика македонските академици да соработуваат.

“Значи сеопфатна стратегија која ќе ја дефинира новата парадигма на современата држава на македонците и другите кои живеат тука. Ние мора да ги користиме знаењата на сите кои можат да помогнат, ние мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за развој на државата, а потоа ќе побарам широк партиски консензус за прифаќање на таа стратегија” – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

На граѓаните, оцени премиерот, им е преку глава од водење држава ден за ден, потребна им е долгорочна стратегија чии главни точки и цели нема да зависат од лакомоста на политичарите ниту од нивното незнаење.

Реклама

„Научните умови беа маргинализирани и насочени само кон своите проекти и научни цели, но овојпат мора да се вклучат и да помогнат во развојот и поставувањето на целите и приоритетите. Потекнувам од универзитетскта заедница и знам што значи титулата која ја имаат сите оние кои ги повикувам да се вклучат во овој проект. Од нив може многу да научиме, тие се духот на нашата земја и дел од нашиот идентитет“, рече Мицкоски.

Секоја Академија на науки од соседството соработува со својата државата, и придонесува кон градење на стратегиите на државата, нашата мора да го добие заслуженото место на почит, но и на одговорност, рече Мицкоски.

Ања Лукарова