Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Таравари смета дека Уставни измени со одложенa примена се добра идеја

Јас сум меѓу ретките оптимисти во државата и продолжувам да мислам дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јас сум меѓу ретките оптимисти во државата и продолжувам да мислам дека многу скоро ќе ги почнеме преговорите со Европската Унија, смета Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата Вреди, Арбен Таравари.
Како што истакна таравари во емисијата „360 степени„ на МРТ 1, неопходно е прифатливо решение, а земјава мора да добие гаранција дека нема да биде повторно условувана. Според него, не е лоша идејата на премиерот Мицкоски, Уставните измени да се изгласаат, но да стапат во сила кога бугарскиот парламент ќе го ратификува пристапниот договор со Македонија. Тој верува дека ќе се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за земјава, но неспорно е, како што рече, дека ќе мора да ги направиме уставните измени за да ги почнеме преговорите. „Сепак, истовремено, ќе ни треба гаранција дека нема повторно да се бара нешто од нас, дека повторно ќе бидеме условувани. Свесни сме дека рамката со бугарија не се менува и дека на Македонија ќе и требаат Уставни измени, но ни треба и некаква гаранција, барем од центрите со влијание во светот, дека нема повторно да се бара нешто од нас. Ако продолжиме вака, различни држави може да поставуваат различни условувања„ дециден е Таравари.