Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Нов нацрт – закон за надворешни работи: Амбасадорите ќе привлекуваат инвеститори, ќе помагаат на компаниите

Спојување на Aгенцијата за странски инвестиции и на Дирекцијата за индустриски зони,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спојување на Aгенцијата за странски инвестиции и на Дирекцијата за индустриски зони, како и поголема улога на амбасадорите во привлекувањето инвеститори. По реформирањето на Министерство за надворешни работи и надворешна трговија најава и за дополнителни мерки кои треба да ја поттикнат економијата.

Идејата е амбасадорите да станат проактивни – да ја промовираат македонската деловна клима и да привлекуваат странски инвеститори. Министерот Тимчо Муцунски вели дека амбасадите и дипломатско-конзуларните претставништва треба да ги заштитуваат македонските компании во странство ако тие се соочат со проблеми и побараат помош.

За министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, реформите се високо на неговата агенда. Институциите треба да профункционираат како што треба за граѓаните да имаат доверба во нив. Според Муртезани загрижувачки е колку земјава не ги користи финансиите од Европската Унија кои пропаѓаат поради слабиот капацитет за аплицирање со квалитетни проекти. За таа цел ќе треба да се вработат 100 нови квалификувани лица. Во изминатите 3 години биле изгубени 123 милиони евра од европските фондови.

Реклама

Сеопфатна трансформација и дигитализација на процесите е неопходна за да се формира јавен сектор од кој граѓаните ќе бидат задоволни. Целосна дигитализација ќе се постигне со промена на 140 закони, но за тоа треба време. Во моментов, има апсурдни ситуации како на пример граѓанинот да извади електронски документ, но неговата копија да не биде прифатена од некоја институција.

За само 100 дена, биле испорачани нови 80 дигитални услуги. Андоновски потенцира дека во првите 100 дена има 56% раст во користењето на постоечките услуги од страна на граѓаните.