Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

АХВ: Инспекциските служби уништија 100 килограми небезбедно месо во Куманово

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо уништија инспекциските служби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети.

За утврдените недоследности – продажба на замрзната чорба, ставање во промет на замрзнати подготвени подготовки од месо (плескавици, ражнич), продажба на месо и подготовки од месо без декларација, како и за измината важност на санитарни книшки на вработени кај оператори со храна и непоседување на комплетна документација, изречени се мерки опомена и парични казни во висина од 100 до 1000 евра во денарска противвредност, зависно од тежината на прекршокот и големината на операторот со храна.

Со инспекциски надзори во овој град опфатени беа и два големи супермаркети кај кои не беа утврдени неусогласености со прописите од областа на безбедноста на храната.