Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Мицкоски: Владата врши редовна исплата на субвенциите и враќа наследени, заостанати долгови од претходната Влада на СДСМ

Јас навистина повторно ќе кажам, шокиран сум од овие пораки коишто се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јас навистина повторно ќе кажам, шокиран сум од овие пораки коишто се темелат на незнаење, коишто доаѓаат од СДСМ, но повторно ќе кажам, тие одбрале таква политика да водат, на нив е. Нашата политика е оваа којашто е портретирана со дела, со проекти, со реформи, со развој“, истакна премиерот Мицкоски.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски при посета на ООУ „Крсте Мисирков“ – Скопје, Општина Гази Баба одговарајќи на новинарско прашање за тоа каква е состојбата во земјоделието дали е катастрофална како што посочуваат од опозициската СДСМ и млекарите се пред банкрот, изјави дека и покрај наследените, заостанати субвенции, сега има редовна исплата на тековните субвенциите и враќање на стари долгови.

„Во земјоделието наследивме исклучително тешка слика и големи долгови. Покрај редовната исплата на субвенциите имаме досега околу, близу или нешто над една милијарда денари стари долгови, вратени. Очекуваме во следниот буџет уште една, и веќе во 2026 година да се изедначиме со тековната исплата на субвенциите“, изјави премиерот.

Реклама

Премиерот подвлече дека пораките коишто доаѓаат од опозициската СДСМ се од незнаење, а тој е шокиран од истите.

„Јас навистина повторно ќе кажам, шокиран сум од овие пораки коишто се темелат на незнаење, коишто доаѓаат од СДСМ, но повторно ќе кажам, тие одбрале таква политика да водат, на нив е. Нашата политика е оваа којашто е портретирана со дела, со проекти, со реформи, со развој“, истакна премиерот Мицкоски.

Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство, затоа носиме мерки и проекти со кои ја враќаме надежта кај земјоделците.