Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Мицкоски најавува нови германски инвестиции – само една од нив тежи 400 милиони евра

Три нови германски инвестиции во Македонија – најави претседателот на Владата, Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три нови германски инвестиции во Македонија – најави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Најголемата ќе биде ветерен парк кај Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, вредна преку 400 милиони евра. А до крајот на годината, според премиерот, две германски компании ќе почнат да вложуваат, едната, веќе присутна во земјава, ќе гради нов производен погон, а другата ќе стартува сосема нова гринфилд инвестиција.

“Струјата што ќе ја произведуваат, ќе ја продаваат на пазарот. За жал, четири години таа инвестиција не биле во можност да ја реализираат од причини кои не би ги коментирал сега во јавноста, ќе треба истражните органи да се позанимаваат. Но, веќе задолживме луѓе од Кабинетот што ќе ја следат на дневна основа реализацијата на оваа инвестиција која ќе значи уште еден чекор напред кон зелената транзиција, односно производство на електрична енергија од обновливи извори” – изјави премиерот Мицкоски.

Економијата е стабилна вели Мицкоски, тој не очекува турбуленции со цената на струјата по Нова Година. Според него зимата ќе биде тешка поради војната во Украина што ќе притиска за зголемување на цената на струјата на берзите, но, е уверен дека имаме доволно енергетски капацитети за да се справивме со ситуацијата.

Реклама

„Во овој момент работиме на консолидирање на електроенергетскиот сектор и мислам дека Регулаторната комисија за енергетика ги прави пресметките. Кога тие ќе бидат готови ќе донесеме одлука којашто е најважна и најдобра за граѓаните“ – рече Мицкоски

Мицкоските говореше и за катастрофалните состојби во кој ЕСМ бил оставен од претходната власт. Наследиле долг од пет милијарди денари, кој сега мораат да го вратат. Премиерот вети дека во текот на мандатот ќе биде укината таксата за пристап до мрежата, за која граѓаните плаќаат 200 денари месечно.

Што се донесува до состојбата во земјоделието, Мицкоски рече дека Владата се фокусира на редовна исплата на тековните субвенциите но и враќање на старите долгови.Тој најави мерки и проекти за враќање на достоинството на македонските земјоделци.