Почна ли Мендух Тачи да ја растура коалицијата на ДУИ? Одлуката на лидерот ДПА да го напушти т.н. Европски фронт, може да донесе до низа други напупштања во тимот на Али Ахмети, со оглед на тоа што од сега веќе 17-те пратеници, дури седум не се од партијата од Мала Речица, туку од коалиционите партнери.
Останува отворено прашање што е следниот чекор на Мендух Тачи, дали тој и дел од другите народни избраници ќе преминат во владината коалицијата? Не одговара на прашањата на Алфа, кои се причините за заминувањето од коалицијата со Ахмети, како планира да делува во иднина. Вицепремиерот Изет Меџити немал се уште контакт со Тачи, а дали се можни трансфери, вели одговор ќе добиеме наредниот период.
-Не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку како да опстанат на политичката сцена. Така да, моментот што не се Влада, нема политичка кауза за фронтот. (Дали планирате да преговарате со некои пратеници на ДУИ за преминување на ваша страна?) Мислам дека во наредниот период ќе имате повеќе информации за тоа, изјави Меџити.

Премиерот Христијан Мицкоски, не сакаше да ги коментира случувањата во Европскиот фронт. Вели за него е најважно што имаат цврста и силна коалиција во власта, и речиси двотретинско мнозинство во Собранието.
-Тоа што се случува во опозицијата јас не би сакал да ги облекувам нивните чевли и да ги коментирам. Претпоставувам повеќе одговори на ова што се случуваше минатиов ден, ќе добиете од самите актери во опозицијата. Но, она што е важно за мене како претседател на Владата е дека имаме една стабилна ситуација, имаме една одлична хемија, изјави Мицкоски.
За состојбата во Европскиот фронт, не сакаше да говори ниту пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети. Вели одговорите околу намалувањето на бројката на народни избраници во опозицискиот блок на албанската заедница да сме ги барале кај Ахмети и Тачи.
Досега единствено кратко се огласија од ДПА. Велат дека Тачи заминува од коалицијата, а единствено ќе останел во личен контакт со Али Ахмети.
