Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Пораките од Мицкоски и Николоски-Нова страница во македонската дипломатија, враќање на достоинството

Пораката на премиерот Мицкоски дека Македонија нема повеќе да прифаќа ултиматуми за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пораката на премиерот Мицкоски дека Македонија нема повеќе да прифаќа ултиматуми за влез во ЕУ и острата реторика на Николоски кон Бугарија за нивното невицилизирано однесување, свртеа нова страница во македонската дипломатија. Нема повеќе виткање кичма и прифаќање на се што е против македонските национални интереси само за да се задоволат интересите на соседите како услов Макеоднија да стане дел од европското семејство, коментираат дел од аналитичарите. Според поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и актуелен професор Васко Наумовски новата владина реторика испраќа силна порака и е спротивна од она што го гледавме и слушавме последниве години.

Конечно, владините претставници јасно и гласно укажаа дека Македонија треба што побрзо да стане дел од ЕУ, без разлика на билатералните прашања, за разлика од претходната влада, вели Васко Наумовски.

Премиерот Христијан Мицкоски по средбите со европските претставници во Брисел рече дека евроинтеграцискиот процес треба да се заснова на проценка на постигнатото, а не на билатерални прашања. Според него, две децении по потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, земјата е жртва на билатерални проблеми.

Реклама

Истовремено вицепремиерот Александар Николоски влезе во вербална војна по скандалот со непоставеното македонско знаме во Софија за кој ниту еден претставник од Владата на Бугарија не се извини.

Според Николоски доколку ЕУ сака да го реши проблемот со нас, тоа може да го стори за едно претпладне или попладне. Николоски вели дека ЕУ многу посилни држави од нас ги клекнале на колена. Тој прашува што се случува со 14-те пресуди од Стразбур што се однесуваат на македонското малцинство, а Бугарија не сака да ги имплементира.

Седми ден како зовреа страстите на официјална Софија кои најверојатно очекуваа новата македонска власт да ја продолжи старата политика на потчинетост на која навикнаа додека државата ја водеа СДСМ и ДУИ.