Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Собранието го усвои законот за заемот од Унгарија

500 милиони евра за бизнисот и општините- Со 65 гласа „за“ ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

500 милиони евра за бизнисот и општините- Со 65 гласа „за“ , 15 „ против“ пратениците го изгласаа предлог законот за задолжување на Македонија кај Унгарската експорт – импорт банка.

Со половина од парите ќе се финансираат инфраструктурни проекти, за што општините веќе се подготвуваат. Како што беше соопштено претходно, аплицирале 80 општини за 357 проекти. Според најавите за шест дена ќе заврши процесот на евалуација и ќе треба да се изберат проектите со ресорните министерства. Општините ќе ги добиваат парите преку наменска сметка. Што се однесува до средствата за бизнисот, тие ќе добијат можност да искористат евтини кредити.

Главните забелешки на опозицијата пак се за носењето на Законот по скратена постапка во Собранието, иако тие не ја закажаа комисијата за финансирање и Буџет на која требаше да се вкрстат аргументите, па тоа го стори собранискиот спикер Африм Гаши. СДСМ обвинува дека ќе се зголемел јавниот долг, и парите ќе завршеле кај странски компании

Реклама

Откако законот ќе биде објавен во Службен весник, параф на договорот ќе стават македонската влада и унгарската банка. Заемот треба да се повлече во една транша, а рокот за отплата е 15 години со грејс период од три години и фиксна каматна стапка од 3,25 отсто. Министерството за финансии најавува дека ќе се потпише договор да не се плаќаат провизии од 0,5 отсто годишно за неповлечени средства.  Македонија ќе плати провизија правни услуги на независна фирма избрана од Унгарската експорт – импорт банка пред повлекување на траншата во износ од околу 70 илјади евра.