Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Ќе се бара одговор од бугарскиот амбасадор Радуков зошто во Софија отсуствуваше македонското знаме

Институциите ја почнаа дипломатската процедура во која бараат одговор од Бугарија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институциите ја почнаа дипломатската процедура во која бараат одговор од Бугарија за скандалот со фотографирањето на претседателите Сиљановска Давкова и Румен Радев без македонското знаме при заедничката средба во Софија. Фотографирањето  било на иниијатива на Радев, па ќе се бара објаснување од бугарскиот амабасадор во земјава, зошто отстуствувало македонското знаме.

„Во врска со најавата на претседателката Сиљановска Давкова информираме дека во текот на утрешниот ден во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на разговор ќе биде повикан амбасадорот на Република Бугарија“, велат од МНР.

Новопоставениот бугарски амбасадор Желјаско Радуков е на позицијата во Македонија неполни две недели.Токму Радуков имал клучна улога при создавањето и прифаќањето на Францускиот предлог, како и во преговорите со Македонија за Протоколот од Втората седница на Меѓувладината комисија по член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во јуни 2022. Освен тоа, тој бил и организациски секретар на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања и активно работел на заштита на правата и на културно-историското наследство на бугарската заедница во Македонија.

Реклама

Од Кабинетот на претседателката, вчера информираа дека спорното фотографирање не било дел од договорениот протокол за средбата, според кој, не требало да има фотографии во рамките на затворениот простор. Потенцираа дека сакаат да веруваат дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна отстапка.

Од опозициската СДСМ реагираат дека власта ги поткопува како што велат стабилните меѓународни позиции што ги изгради СДСМ. 

„ДПМНЕ и Сиљановска ја вреѓаат интелигенцијата на граѓаните. Тие свесно се сликале, свесно објавиле и се пофалиле со скандалозната посета.Со оваа посета на Софија, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ ја загрозија македонската самобитност и македонски идентитет. 

Од ВМРО-ДПМНЕ им возвратија да престанат со манипулации и да се погледнат во огледало за сите предавства што му ги направиле на македонскиот народ.

Инаку, по средбата во Софија, Сиљановска Давкова истакна дена двете земји ќе трагаат по заедничко решение без никој да се чувствува навреден. Од кабинетот на Радев пак соопштија дека Бугарија очекува искажаната желба за дијалог и разбирање од страна на претседателката да стане конзистентна политика на македонската влада.

Инаку, ова е прва средба на Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев. Се очекува и повратна посета од претседателот на Бугарија, но кога би се случило тоа,  датум не бил утврден.