Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Радев: Очекувам конечно да се решат отворените прашања

„Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Македонија и очекувам овој дијалог…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Македонија и очекувам овој дијалог да придонесе кон нашето културно зближување, но и да ја поттикне економската соработка. Очекуваме Македонија да ги исполни сите свои обврски и кон нас и кон Европската Унија“, изјави денеска претседателот на Бугарија Румен Радев пред средбата со претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова, која е во официјална посета на Бугарија.

Според Радев, Владата на Македонија сè уште не ја напуштила изборната реторика.

-Владата на Македонија сè уште не ја напуштила изборната реторика. Потребно е да се вратиме во реалноста, Нашите односи ќе зависат од склучените договори, изјави Радев.

Реклама

Тој потенцира дека ангажманот на раководството на земјава во врска со Коридорот 8 ќе биде јасен индикатор за вистинските европски амбиции на Македонија и за поголема поврзаност во регионот.

-Очекувам дека изразената желба за дијалог и разбирање од страна на претседателката Сиљановска Давкова ќе остане како доследна политика на владата на Македонија. Ние строго ќе го следиме протоколот. Време е и за мојата официјална посета на Македонија, посочи Радев.

На прашање дали веќе има таква покана, Радев одговори дека во врска со ова прашање ќе се разговара со претседателката Сиљановска Давкова.