Реклама

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Економија

Божиновска за Гласот на Америка: Се изградија приватни фото-централи, а државата нема свои енергетски капацитети

Ние ќе се обидеме да направиме ревизија на досегашните проекти и Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ние ќе се обидеме да направиме ревизија на досегашните проекти и Македонија сама да има енергетски капацитети. Енергетиката не е нешто што се планира од денес за утре, тоа е долгорочно, вели министерката за енергетика и рударство, Сања Божиновска за Гласот на Америка.

Глас на Америка: Министерке, во Вашингтон имавте средба со заменикот-помошник секретар на САД за Западен Балкан. Каде беше акцентот на разговорите?

Божиновска: Остваривме средба со Александар Касанов. Тој нагласи дека САД се секогаш пријатели, и секогаш се тука да ни помогнат. Најголем акцент беше ставен на справување со корупцијата. Тие се следат, се знаат, ги знаат приликите кај нас. Зборувавме и за енергетската независност. Откако започна руската војна против Украина, Европа се стреми кон енергетски алтернативи и изнаоѓање алтернативни решенија. Исто така беше дискутирано и за гас конекторот со Грција, и евентуално гас-конектор со Србија.

Реклама

Глас на Америка: Дали во Вашингтон се отвори и прашањето на борбата против корупцијата, како еден главните предизвици на Северна Македонија, и тема за која земјата добива бројни негативни извештаи од меѓународните институции, но и од Стејт департментот?

Божиновска: Работите мора да се помрднат. Ние сме нова Влада, веќе два месеци. Го сменивме менаџментот, во областа на енергетиката. Имаме ново раководство во ЕСМ и во МЕПСО. Имаме и ревизорски извештаи и наскоро ќе имаме увид што се е направено. Се надевам дека ќе се бара некоја одговорност. Ние ќе се стремиме за подомаќински начин на работење, но и да го зацврстиме производството на енергетиката.