Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Со парите од унгарскиот кредит, Штип сака да ги поврзе двата влеза во градот

Со обиколница од населбата Железничка, преку Пребег до викенд населбата Плуждино, ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со обиколница од населбата Железничка, преку Пребег до викенд населбата Плуждино, ќе се поврзат двата влеза на градот Штип. Ова е проектот со кој општината аплицираше на владиниот повик за искористување на 100милиони евра наменети за инфраструктурен развој. Новата сообраќајна артерија  ќе овозможи урбанизирање на овој дел од градот  кој  сега е запуштен и се користи како дива депонија.

„Ќе овозможи полесно поврзување на жителите од останатите населби, побрз проток на возила, но крајната цел е да се создаде развој и можност за зони за домување и индустрија, нешто што на градот му е неопходно. Перспективно планираме развој на овој дел од градот и можност за урбанизација“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Обиколницата со која ќе се поврзат влезовите на Штип од Струмица и Скопје  ќе биде во должина од речиси 3километри и широка 13 метри.  Ќе се гради по сите светски сообраќајни стандарди  и според планот треба да биде готова за една година.

Реклама

„Општина Штип, од овие 100 милиони евра  за поддршка на локалните самоуправи ја следуваат околу два милиони евра. Затоа го прилагодивме овој проект да се вклопи во тој финансиски износ и да може во целост да се реализира. Секако дополнителни фази од реализацијата на пректот ќе бидат оставени за следната година, коишто ќе овозможат пуштање во употреба на оваа обиколница“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Јавниот владин повик за искористуваање на 100милиони евра  со кои ќе се овозможи инфраструктурна офанзива, е од голема важност за општините. Градоначалниците од Истокот веќе ги доставија проектите. Кочани очекува околу еден и пол милион евра за изградба на источниот влез на градот, Виница околу 640.000 евра за регулирање на коритата на Градечка и Виничка река, а во Берово со помалку од половина милион евра ќе се подобрува третманот на отпадните води и патната инфраструктура.

Александра Ристевска