Реклама

Николоски: Македонија станува транзитен центар на Балканот со коридорите 8 и 10

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Македонија

Општина Ѓорче Петров аплицираше со нови проекти вредни 119 милиони денари

Општина Ѓорче Петров денеска поднесе неколку значајни инфраструктурни проекти до Министерството за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров денеска поднесе неколку значајни инфраструктурни проекти до Министерството за локална самоуправа, со вкупна вредност од 119 милиони денари. Овие проекти имаат за цел значително да го подобрат квалитетот на живот во општината и да обезбедат модерна и функционална инфраструктура, информираат од општината.

„Конечно, имаме силен и посветен партнер за соработка. Со поддршката на Владата, сигурен сум дека ќе постигнеме историски успеси,“ изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров – Александар Стојкоски.

Проектите од суштинско значење за жителите на Ѓорче Петров вклучуваат:

Реклама

•Изградба на нова детска градинка во Дексион

•Изградба на локален пат Волково-Орман

•Пробивање на улицата „Социјалистичка Зора“ со Сремски Фронт

•Реконструкција на патот до училиштето во село Кучково

•Реконструкција на улицата „Николај Островски“

•Реконструкција на улиците „Вера Циривири“ и „Никола Вукмировиќ“

-Нашата визија за Ѓорче Петров е визија на амбиција, напредок и благосостојба. Секој од овие проекти е чекор напред кон подобра иднина, додаде Стојкоски.

Општината се стреми кон: •Реализација на капитални проекти •Обезбедување модерна и функционална инфраструктура

•Подобрување на јавните услуги •Развој на зелени површини и паркови •Поддршка за образованието, детската заштита, културата и спортот

-Владината поддршка е клучна за успехот на овие проекти. Веруваме дека премиерот Христијан Мицкоски и неговиот тим ќе го препознаат нашиот ентузијазам, додаде градоначалникот.

Тој изрази благодарност до сите жители за нивната доверба и поддршка, истакнувајќи дека заеднички ќе изградат подобра иднина за идните генерации. „Со нетрпение ги очекуваме резултатите што ќе го трансформираат Ѓорче Петров во уште подобро место за живеење,” заклучи тој.