Што понатаму со катната гаража што треба да биде во непосредна близина на Собранието? На оваа тема денеска се одржа средба во законодавниот дом, на која што присуствуваа спикерот Африм Гаши, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, претставници на државни институции и претставник од фирмата која треба да ја гради гаражата. Договорено било наредниот период, да се изнајде начин како овој проект да биде завршен. Инаку, од утре, општина центар почнува да наплаќа договорни казни од фирмата која треба да ја гради гаражата, бидејќи и по 10 години од постигнатиот договор, изградбата се уште не е започната.