Реклама

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Македонија

Владата не може сериозно да го сфати писмото на Арсовска, и порачаа барем последната година од мандатот да сработи нешто

Ново писмо – нов обид на скопската градоначалничка да најде алиби за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново писмо – нов обид на скопската градоначалничка да најде алиби за својата неуспешност. Наместо Арсовска да пишува писма да се фати за работа и скопјани да не чекаат јавен превоз со часови на високите температури. Министерот Златко Перински тврди дека за некој успешно да го раководи градот не се потребни програми кои ќе ги гласа Советот, туку само ефикасно да менаџира. Перински посочува дека има мерки кои ако веднаш ги преземе Арсовска ќе се решат дел од проблемите на скопјани.

  • „Сметаме дека пред да дели пари на наменски смени, прво треба да почне да си ги плаќа ратите за автобисите кои нејзиниот претходник ги набави,а сега и ги плаќа Владата. Второ, сметаме дека час поскоро треба да направи средба со приватните превозници, да им го сервисира долгот кој што мислам дека е околу 2 милиони евра, за колку толку да се пополни празнината во градскиот превоз. Трето, мислам дека треба му овозможи услови на директорот на ЈСП да ги сервисира оние 40-тина автобуси кои што најави дека може да ги сервисира и да ги пушти во промет до крајот на месец септември и на тој начин да почне да си го менаџира процесот во рамките на своите надлежности и на некој начин да почне да ги решава проблемите на скопјани. Се останато е нов политички  декор и владата не може да го сфати со сериозност“ вели министерот за локална самоуправа Златко Перински во изјава за Алфа.

Арсовска во отвореното писмо, бара од Илиндска пари за нови автобуси, што за Перински е апсурд бидејќи за да се набават 250 еколошки возила се потребни месеци а на скопјани решение за јавниот превоз им треба веднаш.

  • „На скопјани им требаат решенија денес. Им требаат брзи решенија. Сите овие набавки траат од година до година и половина. Ние зборуваме за решение од понеделник кога почнува учебната година. Затоа велам дека ова е само уште еден обид на Арсовска за да ја прикрие својата неспособност пред граѓаните. Ние велиме Арсовска предложете план пред Владата и пред граѓаните и тој план почнете да го реализирате. Го обвинувавте Советот, Советот ги донесе потребните програми. Сега кој е виновен? Затоа велиме седнете и почнете да работите. Влегувате во последната година од вашиот мандат барем колку толку исперете го гревот кон скопјани“ вели Перински во изјава за Алфа.

Откако вчера Заедницата на локалните самоуправи повика да си поднесе оставка, бидејќи во тоа гледаат единствени спас за Скопје и скопјани, Арсовска напиша отворено писмо до Владата, во кое повторно вина гледа во сите ноне  и во себе за хаосот во главниот град. 

Реклама

Првиот човек на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски вчера посочи и дека скопските градоначалници се подготвени да иницираат законски измени за да се овозможи предвремена смена на раководството на Градот.

Градоначалниците се на ист став со Владата дека проблемите се таложат и освен со јавниот превоз, проблеми има и во „Водовод и канализација“, во „Комунална хигиена“ и во „Паркови и зеленило“, односно во сите јавни претпријатија, а вината е во менаџерот.