Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Живко Митревски не се откажува од враќање на челната позиција на Сојузот на синдикати

Живко Митревски не се откажува од враќање на челната позиција на Сојузот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Живко Митревски не се откажува од враќање на челната позиција на Сојузот на синдикати. Поранешниот претседател на ССМ вели дека неговото отстранување од функцијата било незаконско. Тврди дека се борел за афирмирање на вистината,  владеењето на правото и за почитување на статутот на Синдикатот.

Мојата промена е крајно нелегитимна од причина што и Ременски со еден потпис само со еден потпис изврши промена, требало задолжително со два потписи. Исто така и министерката Тренчевска навистина донесе две решенија со кои го елиминира барањето и не го потврди легитимитетот на Трендафилов, вели Митревски.

Според Митревски работничките права може да се подобрат само доколку Синдикатот работи вистински, без да продава демагогија и без, како што вели, да ги лаже работниците.

Реклама

Станува збор за една борба за афирмирање на вистината, владеење на правото, почитување на статутот, и овозможување ССМ да почне да работи без да продава демагогии и да ги лаже работниците, додаде Митревски.

Тој беше претседател на ССМ од 2010 до 2017 година, уште тогаш тврдеше дека бил нелегално сменет од функцијата со потпис од тогашната министерка за труд и со фалсификувани решенија.

Актуелниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов, пак, ги отфрла сите обвинувања од Живко Митревски и вели дека нему му била битна само фотелјата а не работничките права. Додава дека е избран на легитивем Конгрес и дека нема ништо спорно, дека Сојузот на синдикати е единствениот репрезентативен социјален партнер на работодавачите и на Владата и дека ќе продолжат да се борат за она што е најдобро за работниците.