Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Добивање плата стана вест:Новата власт на маки како да ги закрпи сите дупки што ги оставија претходниците

Два месеци санирање на пустошот кој го остави претходната власт. Новата Влада…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два месеци санирање на пустошот кој го остави претходната власт. Новата Влада мака мачи да најде пари за исплата на заостанати плати, неисплатени обврски, субвенции, покривање на направени долгови. Аналитичарите велат дека обвинителството треба да си ја работи работата и да ги испита сите сомнителни случаи за корупција поврзани со трошењето на државниот буџет. Сепак, не се оптимисти дека некаков епилог е можен, особено затоа што и довербата во правосудството оправдано има низок рејтинг. Сметаат дека е неопходна и трансформација на јавните претпријатија загубари, кои се „бунар без дно“ и седиште само на партиски кадри без никаква продуктивност.

Граѓаните сакаат да имаат подобрување на финансиската состојба, а компаниите да видат развој. Во наредниот период Владата ќе го распише и повикот за општините на кој тие треба да конкурираат со капитални проекти кои ќе се платат од државниот буџет. Аналитичарите сметаат дека е клучно повеќе пари да се насочат кон развој на стопанството, а помалку за социјални трансфери и субвенции.

Кога се носеше ребалансот на буџетот, министерката за финансии рече дека оваа година поради лошата финансиска состојба во која е оставена државната каса од претходниците, ќе се „крпи“ колку што се може, а планот е до крајот на годината да се стимулира развојот преку инвестиции. Имаше и обвинувања за злоупотреби во буџетот од половина милијарда евра. Премиерот Мицкоски фрли сомнеж врз работата на неколку државни претпријатија и обвини за епски криминал направен од страна на претходната власт на СДСМ и ДУИ. Обвинителството веќе отвори предистражни постапки за ваквите наводи, одржува средби со ревизори и постапува во сите случаи каде има сомневања за злоупотреба на народни пари.