На Данела Арсовска ѝ истече рокот. Наместо седница на советот на град Скопје, на која јавно пред скопјани и сите советници ќе го презентираше планот за ставање ред во хаосот во кој тоне главниот град, таа ги повика, зад затвроени врати само координаторите на советничките групи.
По средбата, Арсовска ги избегна новинарите, а од советниците кои беа на средбата јавноста дозна дека ќе ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица, како и средства за ЈСП со пренамена од друг проект со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси
На тој начин ќе се ублажи хаосот со јавниот превоз и напливот на патници кои се очекува со почетокот на учебната година. Според советникот Мартин Стојанвоски, ова што го понудила Арсовска, не е накој план туку требало да биде секодјевна обрска на претпријатието.

„Ќе сервисираат 30 автобуси, зошто до сега не се сервисирани тие 30 автобуси, зошто се чекаше денеска на оваа кординација да ни биде соопштено дека сега 30 автобуси одеднаш треба да бидат сервисирани“, рече Мартин Стојановски, советник во град Скопје.
Гордан Шутаров од СДСМ, пак вели дека нивната советничка група досега ги поддржувала сите одлуки поврзани со јавната хигиена, превозот и слично. На прашањето што е проблемот сега ѝ кој е виновен за настанатата состојба, Шутаров рече дека се доцни со гласање на програмите за работа на јавните претпријатија.
„Ние во Советот на Град Скопје како опозиција, сме поддржале се што е во интерес за задоволување на потребите на граѓаните вклучително и оваа програма за дополнителни активности и ангажирање на дополнителни 120 работници“, рече Гордан Шутаров советник во градот Скопје.
Претседателот на Советот, Трајко Славевски, вели дека Владата била подготвена дел од средствата кои што стојат неискористени наменети за инфраструктурен проект во Град Скопје, да ги префрли на ЈСП за рехабилитација на одреден број на автобуси. Но, за него е нејасно зошто јавните претпријатија досега не правреле ништо со застаерната механизација иако од страна на Советот имале одобрени инвестициски планови.
„Јас забележав дека нивните инвестициски планови се одобрени од Советот на Град Скопје уште на почетокот на годината, како и во претходните години. Се поставува прашање што правеа кога ни кажуваа дека во просек возилата и опремата им се стари над 20 а во некои групи и 30 години. Од она што го слушнвте или слушна јавноста во изминативе неколку дена од претставници на влада, вклучително и министерот за локлана самоуправа е подготвеноста на владата дел од средствата кои што стојат на неискористени наменети за инфраструткруен проект во Град Скопје, да се префрлат на сметката на ЈСП Скопје за рехабилитација на одреден број на автобуси кои што не се во функција“, рече претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славески.
Од друга страна, министерката за образование најавува дека за осумжтте милиони евра, за кои градоначалничката тврди дека Владата ѝ ги должи на Градот ќе се видат на суд. Станува збор за наводни неплатени средства од 2021-та година наваму, за бесплатен превоз за средношколци и студенти.
„Во Министерството за Образование и наука пристигнаа фактури за огромни средства за кои Град Скопје тврди дека ние сме должни да ги исплатиме заради бесплатниот превоз на студентите. Ние спогодба ниту со ЈСП, ниту со град Скопје немаме и јас како министер немам основа врз која би ги исплатила тие средства. Оттука доколку не се најде некакво решение поинакво за овие средства ние ќе мора да одиме на суд и тоа така и ќе биде. Не бев ниту јас ниту оваа влада таа која ветуваше бесплатен превоз за сите. И ние за бесплатниот превоз за сите не можеме да одговараме“, рече Весна Јаневска, министерка за образование.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, вели дека ќе ги замоли советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат програмите, но дека тоа нема нишо да смени. Според него Данела Арсовска е единица мерка за личност што создава непријатели.
„Би кажал дека е единица мерка на личност која што создава непријатели, наместо да создава пријатели тоа не е добро. Мислам, доколку ѝ значи мојот совет. Ги слушнав тие пораки не се гласале програмите, па не знам кочеле овие кочеле тие, еве јас како претседател на ВМРО ДПМНЕ, ќе ги замолам советниците кои што доаѓаат од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, веднаш на следната седница да ги изгласа тие програми, ако е до програмите, но не е до програмите“, рече премиерот на Македонија, Христијан Мицковски.
Како што е познато, градоначалничката Арсовска доби рок од владата и премиерот Мицкоски до денеска, да предложи план со кој би се средил хаосот во главниот града. Во спротивно, владата повторно ќе размислува како понатаму, а во опција се уште останува можноста да ѝ бидат одземени ингеренциите во неколку јавни претпријатија. Скопските градоначалници, побараа веднаш да ѝ бидат одземени ингеренциите врз јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и „Парковски и зеленило“.
Љубиша Владимиров
