Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Вонредните контроли на АХВ продолжуваат и во главниот град

По вонредните засилени контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство(АХВ) ги спроведе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести
По вонредните засилени контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство
(АХВ) ги спроведе во туристичките центри во земјава, покрај редовните
контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување на
засилени контроли на целата територија на државава. Во моментов во тек е
спроведување на вонредни контроли во угостителските објекти во целата земја.
Минатата недела спроведени беа засилени контроли во главниот град како
честа туристичка дестинација. Контроли беа спроведени кај оператори со храна,
вклучувајќи ги и пазарот Бит Пазар, познатата Пластичарска улица и старата
скопската чаршија како еден од најпосетуваните туристички дестинации во
Скопје. Таму контроли беа спроведени кај 62 оператори – кафе барови,
ресторани, гостилници, сендвичарници, пекарници, слаткарници бурекџилници,
ќебапчилници, месарници и чајџилници и други.
Вонредни контроли во Скопје минатата недела беа спроведени и кај оператори
кои се занимаваат со трговија на производи и материјали кои доаѓаат во контакт
со храната. Надзори се спроведени кај десеттина оператори и еден магацин за
оваа категорија производи. Со контролите најдени се оператори со
нерегистрирана дејност при што е наложено нивна регистрација.
Кај некои оператори со храна утврдени се недоследности во однос на хигиената
за што е наредено спроведување на мерки за чистење и дезинфекција, немање
санирани книшки за вработените, но и недоследности од поголем обем како што
се ставање во промет на небезбеден производ, недеклариран производ, чување
на храна ва амбиентална температура, а пронајдени се и оператори со
нерегистрирана дејност.
Во тридневните спроведени вонредни контроли, инспекциските служби на АХВ
издадоа 33 решенија за утврдените недоследности, а изречени се и 14 парични
казни. Покрај ова изречени се и мерки за забрана за вршење на дејност до
исполнување на условите, наредено е регистрирање на нерегистрираните
оператори со храна, а како небезбедни уништени се 640 килограми храна од
животинско потекло.
Инспекциските надзори на зелените пазари во главниот град продолжуваат и во
наредниов период.
Инспекциските служби на АХВ во петокот спроведоа надзор и во месарница во
туристичкиот центар Охрид. Поради нечитка декларација и пласирање на
небезбеден производ на пазарот, нештетно се уништени 10,7 килограми смеса од мелено месо. На правното лице изречена му е глоба од 1000 евра, а на
одговорното лице во правното лице дополнителни 400 евра казна во денарска
противвредност.
Покрај вонредните засилени контроли, инспекциските служби на АХВ
продолжуваат со спроведување и на редовните контроли согласно Годишниот
план.
Во првите 6 месеци од годинава во внатрешниот промет спроведени се 24. 335
инспекциски контроли. Изречени вкупно 2 433 инспекциски мерки. Уништени 37,6
тони и 13.654 литри небезбедна храна.