Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Кривичниот суд се пере за скандалот со бегството на Рамадани: Пајазити постапил правилно, вината била во МВР

Кривичниот суд во одбрана на неговиот потпретседател – Пајазит Пајазити. Не гледаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичниот суд во одбрана на неговиот потпретседател – Пајазит Пајазити. Не гледаат вина за определувањето на куќен притвор на Блерим Рамадани – командантот на УЧК кој се даде во бегство. Прстот го вперија во Министерството за внатрешни работи. Од судот се правдаат дека, Судскиот систем во нашата земја не бил директно засегнат за исходот од оваа постапка со оглед на тоа дека на Рамадани не му се судело во земјава и немало оштетени македонски државјани. Сепак обврска на Македонија е во започнатата екстрадициона постапка да го почитува меѓународното право.

Конкретното лице било во активен притвор со решение на Судија на претходна постапка од 17.07.2024 до 01.08.2024 година, или 15 дена, односно, согласно досегашната судска пракса за овие случаи, тоа е максималното време кое некое лица го поминало во екстрадиционен притвор, велат од Кривичен суд.

Од Кривичниот суд се повикуваат на случајот со лицето Томора Морине од 2019 – та година. Морине не бил екстрадиран во Србија бидејќи истиот бил Косовски државјанин и делото било сторено во Косово, па заради тоа надлежност за водење на постапката ја има Косово, одлука што тогаш била потврдена од Врховниот суд, велат од Кривичен.

Реклама

Во сите одлуки на Кривичниот совет при надлежните судови е утврдено дека не се исполнети Законските претпоставки за екстрадиција, а овие одлуки се потврдени од Врховниот суд на РСМ, согласно Законските одредби, може да биде обезбедено со поблаги мерки како куќен притвор, мерки за обезбедување присуство или гаранција. – што е наведено во решението, додека надзорот над куќниот притвор, согласно решението се доверува на МВР односно надлежната полициска станица. Па заради тоа одговорноста (системска или индивидуална) за бегството треба да се бара кај органот кој го врши надзорот, велат од Кривичен суд.

Кривичен побара од Судскиот совет да провери дали судот постапувал согласно законот и праксата на повисоките судови.