Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

АПП гледа позитивно на измените во законот за урбанизам-исто како и министерот Николоски сметаат дека е потреба широка дебата за нов закон

Дваесетина години регулативата за урбанистичкото планирање, подлежеше на постојани промени закони, и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесетина години регулативата за урбанистичкото планирање, подлежеше на постојани промени закони, и нивни бројни измени и дополнувања.  Во тој правец, е и последно донесената измена на законот за урбанизам, кој, во својата основа, има за цел, да го поттикне развојот на просторот, преку ефективна изработка на Урбанистичка документација. Ова е ставот на Агенцијата за планирање на просторот, институција, која се бави со просторно и урбанистичко планирање. Оттаму сметаат, од поголемиот дел од изменетите одредби во Законот за урбанизам, може да се препознаат јасни намери за  инвестирање и развој на објекти од јавен карактер, кои што се итни и  неопходни во одредени простори, и кои секако ќе бидат во функција на граѓаните.

Измените на Законот за урбанистичко планирање ги разлутија граѓанските организации. Тие алармираат дека законот, донесен, според нив,  без темелна јавна дебата и консултации од стручни лица, можел да ги влоши прашањата за урбанистичкото планирање и да го зголеми урбанистичкиот хаос. Побараа од претседателката Гордана Силјановска Давкова да не удри потпис за потврда на законските измени.

За агенцијата за планирање, Мислењето на јавноста, во кој се препознава страв е оправдано, бидејќи кај нас, сеуште има влијанија, кои влечат корени уште од транзицискиот период. Но, од агенцијата порачуваат, дека нема место за сомнежи.

Реклама

“Законот не создава урбанистички решенија, туку умешноста за тоа во каков простор живееме и сакаме да живееме почнува од квалитетот и стручноста на тој што го изработува урбанистичкиот план, па понатаму тој што го донесува и на крај тој што го спроведува” – велат од Агенцијата за просторно планирање.

Од Агенцијата за просторно планирање додаваат, дека, како институција, се залага за постојано унапредување на законот кој го регулира урбанистичкото планирање.

Потребно е итно да се делува е да се донесат нови законски решенија кои би ја опфатиле таа регулатива која најблиску допира до урбанистичкото планирање, како и меѓусебна синхронизација на законите, со што би се создале услови за сеопфатно квалитетно планирање и уредување на просторот”, велат од Агенцијата за просторно планирање.

Министерот за транспорт Николоски при носењето на законските измени, напомена дека зтие се донесени без приговори и амандмани од политичките противници. Според него, неодамна изгласаните измени се од суштинско значење за развој на инфраструктурата. Со нив се овозможувала побрза изградба на проекти финансирани од државата како училишта, болници, градинки, катни гаражи. Тој рече дека ја разбира загриженоста кај граѓаните и затоа им предложи на невладините организации заедно да седнат на маса и да донесат нов закон. Сепак, за изработка на нов закон ќе поминат 3 до 4 месеци, па според него, морало да се измени законот, за  општините да не бидат лишени од ветените 250 милиони евра за изградба на суштински објекти за здравство и образование.

Ања Лукарова