Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Амандманска расправа за ребалансот на буџетот, треба да биде усвоен во втората недела од август

Власта и опозицијата се скараа околу покачувањето на платите. Во законодавниот дом…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта и опозицијата се скараа околу покачувањето на платите. Во законодавниот дом продолжува жестоката дебата за ребалансот на буџетот. Пратениците на СДСМ обвинуваат дека не биле предвидени пари за зголемување на минималецот, се кршеле работничките права и се суспендирале колективните договори. Власта пак алармира дека наишле на огромна буџетска дупка која требале да ја санирааат, а претходниците потрошиле над 70% за 6 месеци.

„Обезбедивме финансиски средства за задоволување на потребите на сите буџетски корисници, вклучувајќи ги и обврските по преземените обврски коишто вие сте ги испланирале“ – вели Николче Јанкуловски, заменик министер за финансии.

„Сега сте власт и ако сметате дека било кој Колективен договор е потпишан надвор од процедурите, можете да го поништите и да им ги скратите правата на работниците, а во спротивно должни сте бидејќи Колективниот договор е над законот, должни сте да им ги овозможите сите придобивки коишто работниците ги имаат добиено благодарение на овие Колективни договори“ – вели Јована Тренчевска од СДСМ.

Реклама

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го вперија прстот кон претходната власт бидејќи не испланирале доволно плати за исплата во Национални Шуми, Водостопанство, Пошти и други институции. Пратениците на СДСМ, пак, се правдаат дека менаџирањето било на високо ниво.

„Вие сте должни да дадате одговор на македонската јавност дополнително што доживеавте историски најлош резултатза СДСМ, би рекол срамен резултат, а не и вие и министрите поранешни од вашата влада да излегуваат овде и да ги фалат политиките на СДСМ, коишто очигледно, не според мене, за граѓаните на Македонија се тотално фијаско, сведувајќи ве на мала политичка партија од 15 пратеници и 100 и нешто илјади гласови“ – вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас претседател на Влада не сум од средината на јануари, а не од средината на јуни. Менаџирањето било на многу високо ниво кога сум бил претседател на Владата и кога повторно ќе ја имаме честа да ја водиме Владата, пак ќе биде така“ – вели Димитар Ковачевски од СДСМ.

Амандманската расправа за поднесените 58 амандмани ќе трае 6 дена, по што ребалансот ќе оди на пленарна седница.  По дебатата, се очекува, за прекроената државна каса да се гласа во втората недела од август.