Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Ребалансот беше неопходен: Пензионерите можеа да останат без една пензија, вработените во Македонски шуми четири месеци немаат плата

Ребалансот на буџетот беше неопходен, бидејќи СДСМ и ДУИ заборавиле на обичните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ребалансот на буџетот беше неопходен, бидејќи СДСМ и ДУИ заборавиле на обичните граѓани, заборавиле да обезбедат една пензија за годинава, заборавиле да обезбедат четири плати за вработените во Македонски шуми. Промените во државната каса се со цел обичните луѓе да го добијат она што го заслужуваат, порача премирот Христијан Мицкоски. За критиките од опозицијата дека ребалансот бил неразвоен, вели СДСМ и ДУИ знаат само да критикуваат и не очекувал ништо повеќе од тие две партии.

-Заборавиле пет милијарди денари за пензионерите, постоеше можност да нема за пензионерите пензија. Понатаму, заборавиле 3,7 милијарди денари за земјоделците, не знам како еве прашајте ги, ги нема, па моравме ние да ги наоѓаме сега милијарда и седумсто илјади, па догодина уште две милијарди итн. Заборавиле да речеме некаде околу половина милијарда за плати за Национални шуми, а нели конкурси објавуваа таму ако се сеќавате пред избори, конкурси објавуваа, а заборавиле пола милијарда да им помогнат, бидејќи луѓето четири месеци плата не земале, изјави Мицкоски.

Мицкоски порача дека финансискиот договор со Унгарија вреден половина милијарда евра ќе придонесе за раст на економија и зголемен стандард за граѓаните. Ќе помогне за капитални инфраструктурни проекти за локалната самоуправа, а ќе биде од голема помош и за бизнисот. Вели еден од условите ќе биде пет илјади нови работни места на годишно ниво, а со оваа финансиска инјекција треба се очекува раст на бизнисот околу пет проценти над инфлацијата. 01:04

Реклама

-На овој начин како ни една влада претходно обезб едуваме 250 милиони евра, бараме исто така од бизнисот уште толку сопствени средства да вложи, значи да имаме некаде инвестициска активност од половина милијарда евра.  250 милиони евра ќе бидат за капитални инвестиции во општините што значи ќе имаме една. Што значи ќе имаме една активност од 750 милиони евра, изјави Мицкоски.

Претходната власт не исплати средства од 3,7 милијарди денари за земјоделците, но Мицкоски порача дека сите пари ќе им легнат на сметките. Премиерот порача и дека се што е тековно веќе почнало да се исплаќа, плус заостанати милијарда и 700 илјади денари ќе бидат исплатени оваа година, а другите две милијарди денари, ќе бидат во првиот квартал од следната година.