Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Македонија

На охридските и струшките плажи им недостасуваат спасители

Само во првата недела од официјалниот почеток на летната сезона спасителите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само во првата недела од официјалниот почеток на летната сезона спасителите на вода се соочиле со над сто интервенции на укажување на прва помош.Ваквиот биланс на инцидентиго вклучи алармот од потребата да се ангажираат спасители на сите плажи и капалишта. Во моментов во Охрид од 34 капалишта на крајбрежјето само на 8 плажи се воспоставени безбедносни критериуми со ангажман на спасители.Во соседна Струга во ек на сезоната, на капалиштата не се обезбедени нити најнеопходните мерки за безбедно функционирање,спасители има само на една плажи. Онаму каде што нема спасители, капалиштата се потполно небезбедни и треба да се избегнуваат,укажуваат од охридскиот Црвен крст.

 “За жал таква е ситуацијата, ние сме тука колку можеме да помогнеме со спасителите но и со патроли, бидејќи на овие капалишта кои што не се на некој начин уредени, сепак доаѓаат гости, доаѓаат капачи,доаѓаат туристи гледаме да излеземе во пресрет да имаме некои патроли кои што не можат да бидат 24 часа,но во одреден период од денот, во најфреквентните денови да имаме патроли на медицински тимови и на тимови на спасители на вода”-вели Сашо Точков-Црвен крст, Охрид.

Никаде, на ниту една плажавдолж целото охридско-струшко крајбрежје не е поставена табла на која согласно правилникот треба да стои дека капалиштето е небезбедено,вели Точков. Тој апелира до сите оние кои стопанисуваат со плажите да обезбедат час поскоро спасители, бидејќи во спротивно, ако се случи немил настан,одговорноста ќе биде нивна. Згора на се’ треба да се има предвид дека бројот на спасители последниве 4 години е многу мал.Младите не само што заминуват надвор од државава посебно во лето, туку избегнуваат работа која што носи одговорност.

Реклама

“Ако може нешто на телефон со титкање тоа е најлесна работа и младите за жал не сите нормално, се повеќе фокусирани на такви работи.Тоа е проблемот што имаме се помал интерес за оваа професија и нормално голем дел од спасителите 480 спасители имаме обучено, останавме на двоцифрена бројка затоа што рачунајте дека голем дел од спасители се иселија  во други држави заради економската состојба, дел од нив работат и како спасители и ја користат таа легитимација, тој сертификат”-вели Точков.

 Во една ваква ситуација со крајни напори се обидуваме да излеземе во пресрет и да одржуваме безбедност на капалиштата на охридско-струшкото крајбрежје. Мора да бидеме будни вели Точков,потенцирајќи дека лани имале  14 интервенции на спасени давеници и 840 интервенции на укажување прва помош само во Охрид.

Росица Голабоска