Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Приоритет на министерот Таравари му се проблемите на Онкологија, ќе вработува персонал и ќе обезбеди современа терапија за пацинетите

Хаосот на Онкологија ќе се решава полека но сигурно. Главен приоритет на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хаосот на Онкологија ќе се решава полека но сигурно. Главен приоритет на министерот за здравство, Арбен Таравари ќе биде итно да се вработат доктори, медицински сестри, радиолози и физичари на Клиниката. Според него неопходна е и нова медицинска опрема и современа терапија за онколошките пациенти.Министерот вели дека во Македонија има доволно стручен кадар, кој може веднаш да се активира иако ќе поминат месеци, па и години, додека тие почнат да функционираат како што се очекува.

„Во следниот период јас како министер за здравство ќе инсистирам да се дозволат вработувања, да не ги преоптоваруваме вработените. И така цела Македонија гравитира само тука. Се работи за 100 лежечки пациенти и 50 што се водат амбулантски. Ни преостанува идната недела да имаме конкретни барања од Клиниката и потоа заедно со директорот и со министерката за финансии да побараме, да вршиме притисок, по секоја цена да ѝ дадеме приоритет на Онкологија за да може нормално да функционира. Ваквото функционирање и за пациентите е тешко, меѓутоа, реално, за медицинскиот кадар е претешко“,- вели Арбен Таравари, министер за здравство.

За проблемот на Онкологија свесен е и директорот на клиниката Игор Стојковски , и се надева надева дека набрзо ќе се реши. А во однос на стручниот колегиум кој одлучува кој пациент каква терапија да прима, тој вели дека докторите си ја вршат професионално работата,и така ќе продолжат во иднина.

Реклама

Работиме на проблемот да го решиме и се надеваме дека во најбрз временски период ќе го има лекот”, истакна Стојковски.

Онколошките пацинети јавно побараа поддршка од министерот но и од директорот на ФЗОМ, да им се обезбедат современи лекови. Клековски уверува дека ќе се залага за доброто на пациентите затоа што секој граѓанин заслужува да го добие најдобриот лек.

“Сите граѓани заслужуваат лекови од најанова гренерација а не лекови од пред 30 години.Ќе направиме максимален напор во соработка со министерството“изјави директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

Онкологија е под лупа на јавноста со месеци. Почна во септември минатата година кога пукна аферата со препродажба на биолошка терапија. Продолжи со истрага на обвинителството и Анкетна Комисија во Собрание која финишираше без официјални заклучоци. Се уште во тек е истрага против петмина од Онкологија а пациентите и денеска како и лани реагираат и алармираат на условите за медицински третман.

Ања Лукарова