Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Министерот за спорт Борко Ристовски ветува дека Македонија повторно ќе се гордее со државни и клупски успеси

Македонија четврта во Европа во кошарка, петта во ракомет, историски пласман на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија четврта во Европа во кошарка, петта во ракомет, историски пласман на фудбалерите на Европско првенство. Ракометен Вардар двократен европски првак, фудбалски Вардар со историски успех, прв пат обезбеди учество во групна фаза во Европа, победувајќи го големиот и многу побогат Фенербахче на тој пат.

И се ова не беше пред 30, 40 или 50 години, беше последниве 13. Во 2011-та испишавме кошаркарска историја, Една година подоцна на Европското во Србија бевме петти. Во 2017-та и 2019-та РК Вардар беше освојувач на Лигата на шампионите, во 2017-та пак фудбалски Вардар, беше учесник во групната фаза од Лигата на Европа. Во 2021-ва пак фудбалерите испишаа историја, се пласираа на Европско.

Како за толку краток период од историски успеси, дојдовме до еден вид дно во македонскиот спорт. Репрезентациите играат далеку од нивото, Вардар во фудбал беше второлигаш, па годинава едвај опстана во Првата лига, ракометен Вардар доби суспензија за Европа. Ова се прашања на кои се бараат одговори.

Реклама

Нив ги бара и Борко Ристовски, идниот министер за спорт. Вели имал решенија за повторно спортистите да ни носат радости.

-Мислам дека ќе направиме еден концепт кој што ќе биде спој на повеќе работи кои што на крај на денот ќе дадат и поголем бенефит за македонскиот спорт. За поединечните спортови, за колективните спортови, за Олимписките и неолимпските спортови, за рекреативниот спорт. Така да, една голема програма која што на крај на денот треба да е само еден голем плус и бенефит, можеби не на краток рок, меѓутоа на среден рок Македонија да биде една успешна приказна на спортски план, изјави Ристовски.

Вели дека е потребно вложување во инфраструктурата, бидејќи тоа е клучниот сегмент за развој пред се на младите спортисти.

-Мојата цел е да од македонското Министерство за спорт направиме една респектабилна институција, која што ќе има за своја цел примарна да ја промовира Македонија на домашен во рамките на државата, меѓу така и на меѓународен план. Да ја направиме Македонија респектабилна држава регионално, да дадеме помош на сите оние млади таленти, кои што им е потребно, кои што беа заборавени сите овие 7-8 години и да вложуваме во инфраструктурата и во врвниот или професионалниот спорт, изјави Ристовски.

Ристовски најави и сериозно испитување на работата на досегашната Агенција за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет, чии поранешни директори во Агенцијата, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски, како и актуелниот претседател на МОК Даниел Димевски заработија кривични пријави, поради сомнежи за нивните дејствија.

-Ќе мора да се направи една ревизија, ревизија која што ќе си ја направат надлежните институции, ревизија која што ќе покаже дали за се она што се сомневавме ние во изминатиов период и што се знаеше како една јавна тајна во македонското општество ќе ги даде посакуваните резултати. Веќе има поднесено обвинение, подигнато обвинение и против луѓе во АМС и директорот, така и против претседателот на МОК, изјави Ристовски.

Ристовски најави ревизија и контрола и на работата на спортските федерации, бидејќи во јавноста постојат сомнежи за можни криминални трошења и таму.