Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Повторно “Вибер” полагање на државната матура

Со тестовите на клупа, а телефоните во раце – повторно пробиени тестовите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со тестовите на клупа, а телефоните во раце – повторно пробиени тестовите од државната матура.На две Вибер групи, матурантите ги споделиле тестовите по англиски јазик и математика потврдуваат од Државниот испитен центар.Од таму велат дека сите “Вибер препишувачи” кои биле фатени од тестаторите биле отстранети од полагањето, а следната шанса ќе ја имаат во август.

“Значи празен тест кој што ученикот го сликал и бара од другите членови на групите да му помогнат во одговарањето, овој пат Вибер групата “англиски” имаше околу 3.000 ученици, a групата математика околу 300-400 корисници.Денеска имаше многу повеќе санкции за учениците бидејќи низ цела држава имаме ученици кои што се отстранети, дел од нив се отстранети од тестаторите, дел од набљудувачите” вели директорката на ДИЦ, Билјана Михајловска.

Во текот на полагањето имало и инцидент во кичевското училиште Мирко Милевски. Родител на ученик кој бил фатен како препишува и бил отстранет од полагање, вербало нападнал набљудувачи.

Реклама

За дел од матурантите, тестовите биле лесни. Тие велат и овој пат имало услови за препишување.

Инаку, и првиот испит од екстерните предмети беше пробиен. Тестот по мајчин јазик, беше споделен на Вибер група со речиси 7.000 членови.

Во правилникот за матура стои дека испитот ќе биде поништен ако кандидатот користи телефон, полага во име на друг, или не го предава целиот материјал.

Матурантите најмногу беа заинтересирани за англискиот јазик. Математика полагаа само  оние на кои им е потребнаа за упис на факултет.

Најдоцна до 8 јули Државниот испитен центар ќе ги објави резултатите од полагањето на двата екстерни испита.

Ања Лукарова