Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Докторите бараат хирушкиот блок да добие трајно решение

Хируршките сали работат ама на “шкрги”.Секоја клиника посебно се бори да прими…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хируршките сали работат ама на “шкрги”.Секоја клиника посебно се бори да прими пациенти за операција.Во моментов функционираат само две сали, а директорите мораат да се снаоѓаат сами и да прават итни јавни набавки за надворешни компресори, за како-така да функционира хирушкиот блок. Надлежните и по 20 дена откако престанаат да работат кислородните пумпи на Клинички, проблемот не го решија. Дали и кој ќе понесе одговорност за овој колапс на системот – сите креваат раменици. Директорот на ортопедија, вели дека намалениот интензитет на работа последниве три недели ги зголемила двојно листите на пациенти кои чекаат операции.  

Со надворешните компресори досега се изведени околу 70 оперативни зафати…половина на Трауматологија, половина на Клиниката за ортопедија. Работиме во намален интензитет.Ако претходно на ортопедија сме оперирале дневно околу 15 случаи сега во една сала во две смени може да поставиме максимум до седум случаи.Предност имаат пацинетите со малигни заболувања вели, др.Александар Трајановски – директор Клиника за трауматологија и ортопедски болести.

За смрдеата во хирушкиот блок, пред неколку дена од Заедничките служби топката ја префрлија на клиниките. Но според директорот Трајановски, тие не биле надлежни за проблемот со компресорите. Тој вели дека се додека не се обезбедат соодветни услови на клиниките, на хирурзите им се врзани рацете за работа.

Реклама

Треба да се испита целата компресорска станица, која не е во наша надлежност.Кога ќе добиеме одговор дали и кога ќе се менува, тогаш би можеле да се вратиме во целосна функција односно да бидат активни сите операциони сали.Како набавуваме компресори така отвараме операциони сали.Моментално, трпи притисок и КАРИЛ и таму пациентите се со компресор – вели др. Трајановски.

Дека летото дополнително ќе влијае на листата за чекање која е киломтарска вчера алармираше и урологот Башким Шабани.Тој кажа дека лекарите се притиснати на ѕид, и тоа не по своја вина. Според него, најзагрижувачки е што меѓу пациентите кои се на чекање има и малигно болни на кои колапсот на системот им ја пролонгира голготата.