Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Македонија

Од прв премиер Албанец, Талат Џафери ќе биде и последниот технички премиер – Пржино заминува во историјата

Многу врева, за никакви резултати. И да ја немаше изборните процеси ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу врева, за никакви резултати. И да ја немаше изборните процеси ќе беа буквално исти. Техничките влади, три досега, не покажаа никаков квалитет или пак, повисоки изборни гаранции –  основата поради која уште во далечната 2015, СДСМ со помош на странците ја бараше како услов да учествува на изборите. Сега речиси сите политички партии се согласни дека нема потреба повеќе да постои, таа ги преживеа последниве избори само за да се оствари ветувањето на СДСМ дадено на Ахмети дека ДУИ ќе добие премиер. Така што Талат Џафери освен стана прв премиер Албанец, ќе биде и последен технички премиер. Токму и поради овој договорот предходната власт упорно одбиваше да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нејзино укинување.

  • „Со оглед би рекол дека сите политички партии во Македонија се согласни дека таа техничка треба да се укине, навистина не гледам причина зошто таа повеќе би постоела особено затоа што во моментот кога се избира таа техничка Влада запираат сите процеси во државата и се губат последни 100 дена пред изброите“ вели Божиновски.

Минатата година дури и тогашниот премиер Димитар Ковачевски се согласи дека времето на пржинската влада е поминато, но никогаш не прифати таа да биде укината. Аналитичарот Божиновски е на став дека ниту во моментов, а ниту во иднина ќе  има некој ќе се спротивстави со силни аргументи зошто техничката влада би постоела и во иднина.

  • „Сведоци сме дека немаа некоја можност за нови иницијативи, или за одредени проекти од страна на актуелната власт, која и да е. Туку едноставно цело стопанство запира и не може да се изведуваат дури ни оние основни функции кои што треба да ги обезбеди државата.  Ниту има, а не верувам ниту ќе има некој кој со некои посериозни аргументи би се спротивставил зошто не би заминала во историјата“ вели Владимир Божиновски – политички аналитичар.

Пржинската влада досега создаде повеќе проблеми, отколку што реши. Последниот пример за апсурдноста на ваквата влада е токму проблемот со Џафери кои во моментов е и премиер, но и пратеник, две функции кои не се споиливи. И наместо гаранции за демократски изборен процес, таа се сведе на меѓу партиски препикувања.