Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Продолжува соработката со „Аџибадем Систина“ и кошаркарската федерација

Трета година по ред, Клиничката болница „Аџибадем Систина“  ќе се грижи за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трета година по ред, Клиничката болница „Аџибадем Систина“  ќе се грижи за здравјето на играчите од машката и женска сениорска и младинска кошаркарска репрезентација на Македонија. На располагање на кошаркарите и кошаркарките се ставени целокупниот тим и капацитет на болницата, со цел и следната сезона спортистите да го дадат својот максимум и да постигнат одлични спортски резултати.

По повод продолжувањето на успешната соработка, во посета на спортскиот центар „Премиум“ беше претседателот на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ и репрезентативецот Дамјан Стојановски кои изразија благодарност до болницата и менаџментот за досегашната поддршка на репрезентативците.

„Чест и задоволство ни е да го обновиме договорот и да ја имаме „Аџибадем Систина“ како партнер на Кошаркарската федерација. Навистина е чест што имаме професионална медицинска поддршка од најдобриот бренд и благодарение на тоа обезбедуваме одлични подготовки на целиот тим. Благодарност и до целиот менаџмент и до нашиот голем пријател Јордан Камчев кој е поддржувач на македонскиот спорт “, изјави Перо Антиќ.

Реклама

Д-р Борислав Илиев, специјалист по ортопедија, кој е делот од тимот задолжен за кошаркарите изјави дека и оваа година болницата ќе овозможи најдобри услови за следење и подготовка какви што заслужува секој професионален спортист.

„По две години успешна соработка во делот на подготовка и превенција на спортски повреди како и нивен третман, продолжуваме и понатаму да се грижиме за целокпуниот тим на Кошаркарската федерација. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има најмодерен систем за спроведување на целокупниот нивен третман.  Се надевам дека и во наредната година ќе се трудиме со сите наши капацитети, човечки ресурси и опрема  да им понудиме максимални услови на нашите спортисти“, изјави д-р Илиев.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е официјален медицински спонзор на Македонската кошаркарска федерација од 2022 година. Спортските прегледи на репрезентативците се одвиваат во првиот најмодерен спортски центар „Премиум“ во земјава, кој на едно место нуди комплетна интегрирана грижа за здрав живот – физикална медицина и рехабилитација, нутриција и во него работи докажен тим на доктори, физиотерапевти, доктор по спортска медицина, нутриционисти, професионални тренери и сертифицирани инструктори со долгогодишно искуство.