Реклама
Прилози

Гимназиската зграда „ Свети Климент Охридски“ оставена на забот на времето

Гимназиската зграда „Свети Климент Охридски”  која е ремек дело на охридската архитектура- оставена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гимназиската зграда „Свети Климент Охридски”  која е ремек дело на охридската архитектура- оставена на забот на времето. Стара цели 116 години гимназијата која е споменик на културата и сведоштво за континуитетот на просветата во нашиот град, со децении само се крпарела. Се до сега, никогаш не била извршена целосна реконструкција нити пак санација на објектот во кој се описменуваа генерации ученици. Општина Охрид во 2022-ра се нафати да го врати првобитниот сјај на овој историски мозаик. Бидејќи се работи за објект кој е под заштита на државата, по изготвувањето на проектната документација и добивање на сите потреби дозволи, постапка која траеше две години, локалната самоуправа обезбеди средства во буџетот за внатрешно и надворешно уредување. Работите траат непредвидено долго, она што се открило кога започнале градежните зафати, е застрашувачко. Водата која се слевала при дождови, ги поткопала темелите на гимназиската зграда.

 Со оглед на тоа кога ќе влезите во долните училници се гледа дека има оштетувања на на ѕидовите,меѓутоа сето тоа е влезено во новиот проект кој го очекуваме секој момент да започнеме со длабинско корегирање и санирање на тие површини во старите училници на долниот кат и да почнеме со санација на кровот исто така”-вели Светлана Велкоска,директор на гимназијата

Никој не забележал дека и громобранот на гимназијата не бил во функција. Велкоска наведува со што се соочиле при изведување на реконструктивните зафати потенцирајќи и за тоа во каква состојба била старата и дотраена електрична инсталација.

Реклама

 Старата, таа беше на некое ниво не можам да ви кажам без никаква заштита. Немавме хидрантна мрежа што е апсурдно во 21 век имавме некоја атмосферска канализација која не беше средена од кровот ,водата која што се спушта по олуците треба некаде да ја прибериме, затоа што тоа влијае на зградата која што е заштитена како споменик на културата”-вели Велкоска

За волја на вистината во 2006-та година е изграденo поткровјето кое во 1937 година било опожарено,со поставување на пластифициран лим на што регираа стручните лица. И додека трае процесот за враќање на стариот лик на гимназијата, странците се фотографираат покрај овој уникатен објект,коментирајќи дека потсетувал на градбите во Лондот каде се снимале филмовите од серијалот “ Хари Потер”.

Новинар Росица Голабоска 

Снимател,монтажа Златко Маневски