Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Економија

Уште еден 1 мај со старите проблеми на текстилните работнички

Работодавачите за да го изиграат законот, наместо откази, често ги присилувале работничките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работодавачите за да го изиграат законот, наместо откази, често ги присилувале работничките во текстилната индустрија да потпишат анекес на договор за вработување, кој трае само еден ден. Ова прави работодавецот да не мора да ги испочитува законските обврски при отпуштање вработени. – Аларамираат од здружението гласен текстилец, од каде потенцираат дека работодавачите постојано наоѓаат нови начини, како да ги забокилот работничките права.

  • „Незаконски откажувања на договорите за вработување. Договори од нула месеци. Проблем со кој за прв пат се соочивме, како и договори од еден ден. Принуда од страна на работодавачите кон работниците, да потпишат анекс на договорите за вработување, од неопределено работно време, на само еден ден. Многу работнички останаа без работа. Не им беше исплатена опремнината и исплатнина која што им следува.“ – Изјави Кристина Ампева од здруженето „Гласен текстилец“.

Сега, дел од овие овие работнички, поради возраста се во неизвесност дали некогаш повторно ќе се вработат, а работеле во текстилната  индустрија повеќе од 25 години. Од здружението велат дека правата на работниците не се почитуваат, најмногу поради интертноста и незаинтересираноста на институциите, односно трудовите инспектори кои треба да го спроведуваат законот.

  • „Испаѓаат синдикати кои што ги претставуваат работниците од јавниот сектор, додека за приватниот сектор нема да слушнете од никој, освен од нас. Каква е состојбата во институционалните и судските лавиринти. Имавме реакции за еден куп компании кои не исплаќаат плати по два, три месеци, и тоа едноставно си поминува низ управат за јавни приходи.“ – Додаде Ампева.

Оттаму велат дека работниците во Македонија често се соочуваат со незаконски откази, кои се случуваат за време на породилно отсуство или боледување, доцнење на плати или неисплаќање на додатоци за работа во недела и државни празници. Велат дека само за една година, од здружението „Гласен текстилец“ дале бесплатна правна помош на повеќе од 5300 работници, од кои дури 90% биле од приватниот сектор.

Реклама

Никола Цветкоски