Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Македонскиот бизнис се уште се потпира на хартија: Мал дел од компаниите се дигитално подготвени

Малите и средни бизниси треба итно дигитално да се усовршат,  за да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Малите и средни бизниси треба итно дигитално да се усовршат,  за да ја подобрат својата конкурентност – како на пазарот во Македонија така и надвор. Новата фондација за дигитална трансформација поддржана од Иницијативата Македонија 2025 ќе ги кофинансира компаниите со финансиски средства до 10.000 евра. Меѓу мапираните сектори се преработувачката индустрија со фокус на прехранбената, туризмот, компании од областа на услугите.

Се залагаме за неколку области: Дигитализација но и поттикнување на конкуренцијата, структурни реформи, бидејќи така ќе целиме кон поголем економски раст. Навистина недостасува еден еко-систем. Има мали обиди за поддршка на дигитализација, но се уште компаниите немаат доволно информации околу таа трансформација. Да се вклучиме како организација, Идејата е да понудиме еден целосен систем, бидејќи ниту има луѓе кои се консултанти кои ќе ја помогнат дигитализацијата, ниту има доволно достапно финансирање. Една ваква голема улога. Центарот е формиран во август 2023 и до сега работевме на сите сегменти – изјави Никица Мојсоска Блажевски – Извршен директор на „Македонија 2025“, соосновач на „ГоДигитал“.

Дигитализацијата е еден од главните двигатели за зајакнување на целокупната економија – покрај поддршка за дигитализација, претставниците на „ГоДигитал“ ќе се фокусираат и на политики за намалување на сивата економија.

Реклама

Ќе има поддршка во планирањето, имплементацијата на проекти, финансирање на тие проекти се со цел на успешните претпријатија да им помогнеме да ја зголемат својата конкурентност. Работевме напорно да создадеме програма за обука и сертификација на дигитални консултанти кои ќе помогнат за предлог стратегија за дигитална трансформација. Работиме на припрема на критериум за селекција на компании – профитабилни, извозно ориентирани. Кај тие претпријатие што ќе оцениме дека постои спремност за такво нешто и првата мерка ќе биде поддржана со финансии на Македонија 2025 т.е ГоДигитал и нашите партнери. За таа цел, работиме и со домашните ИТ компании – изјави Васко Кроневски- директор на компанијата „Некстсенс“,соосновач на ГоДигитал.

Истражувањата покажуваат дека само една третина од компаниите се дигитално подготвени и поседуваат работници со дигитални вештини, кои можат да влезат на глобалните економски текови во светот. Кај малите претпријатија, само една од пет имаат дигитален капацитет, а другите не се подготвени.