Реклама
Економија

Воените конфликти во светот може да ја покачат цената на лебот

Воените конфликти може да предизвикаат ново поскапување на лебот.  Според Агро комората…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Воените конфликти може да предизвикаат ново поскапување на лебот.  Според Агро комората  во моментов цената  е стабилна и останува иста, но дали во Македонија ќе се пече поскап леб  ќе зависи од цената на нафтата која во моментов на светските берзи стигна и до 90 долари за барел ,како и од цената на житото по жетвата во Украина.  Предвидувањата на бизнисот се дека доколку има поскапување на нафтата поради војната на Блискиот исток, ќе има повисоки цени.

Секогаш понудата и побарувачката треба да ја одредуваат финалната цена, секгоаш застануваме зад тоа .Цената на лебот ќе остане иста, стабилна е сега не знаеме што ќе се случува во однос на војната која директно се рефлектира на цената на нафтата, и не знаеме што ќе се случува во Русија и Украина,  вели Горан Георгиевски  Агро – бизнис комора

Реклама

Не само цените на светските берзи туку и висината на платите ќе има влијание на цените во претстојниот период, а од друга страна бизнисот претрпел големи загуби во текот на изминатите две години.  Според комората , фокусот треба да  биде на раст на домашното произоводство и на растот на економијата кој во 2023 беше само 1 отсто. Според ССК повисоките цени на одредени производи се логични затоа што Македонија е увозно ориентирана земја.

Имаше во една изјава на Светска банка која е слична на нашите залагања, мислам не треба да се фокусираме ние колку цените можат да бидат евтини , туку да се фокусираме колку може нашата економија може да расте. Да видиме каква ќе биде жетвата на жито и каква ќе биде цената на житото, мислам дека ни треба здрава економска политика. Нашата економија не смее да продоцира 1 отсто раст, треба да биде 5-6 отсто, вели Трајан Ангеловски – претседател на ССК

Дел од цените пораснаа откако престана да важи мерката „ загарантирани цени“ , а регулација на пазарот се очекува дека ќе направи новиот закон за нефер трговски практики кој меѓу другото содржи и листа на 2500 производи кои ќе бидат со ограничена маржа.  Од ССК сметаат дека од листата треба да се исфрлат одредени производи кои се во категоријата „луксузни“ .