Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Илјадници пациенти со ретки болести бијат битки во недостиг на терапии

Пациентите во Македонија оставени на милост и немилост.За кој има лекови, за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пациентите во Македонија оставени на милост и немилост.За кој има лекови, за кој нема. Дијабетичарите, болните со мултипла склероза, пациентите со ретки болести – илјадници болни во земјава со околу 300 различни ретки болести водат битка со недостиг на терапии. За некој нема воопшто медикаменти, а за поголем дел тие се или недоволни или несоодветни.Пацинтите велат – животот во болка е тежок, но уште потешко е тоа што поради неизвесни тендери животот им виси на конец.

“Недостасуваат антидијабетна терапија, тоа се јавува разлика на начинот на промената на набавката со лицата со дијабетес, кои се на инсулин.И има дел што се преку државата и дел кои се нови пациенти се оставени сами на себе да се снаоѓаат” – вели Диме Велев, претседател на сојузот на здруженија на дијабетичари.

Не се само дијабетичарите. Проблем имаат и Болните со МС, кои се во постојана битка за лекови. Ако до пред еден месец, дефицитирен им беше само еден лек, сега недостигаат неколку, со тоа пациентите се ставени во ризик да им се влоши здравствената состојбата.

Реклама

“Крајно време е здравството да започне да функционира и да се грижи за доброто на пациентите.Потребно е систематско решение, апелираме да се надминат сите технички административни бариери и пациентите никогаш повеќе да не останат без третман” изјави Ана Карајанова Димитрушева, Претседател на Националното Здружение за МС.

Решението е во итни реформи во македонскиот здравствен систем за што алармираше и претседателот на алијансата на пациентски организации. Тој бара од здравствените власти итна промена на позитивната листа на лекови, но и олеснување на тендерските постапки за набавка на лекови.

“Самите директори на Клиниките се повикуват на одговоности,но не свакајќи дека одговорни се и кон пациентите имаме двојна одговорност.Од сите реформски постапки кој се направени во досегашниот здравствен систем би требало да бидат подлежени на ревизија…” вели Милан Мишковиќ, претседател на Национална алијанса на пациентски организации.

Во меѓувреме, изминативе години пациентите се соочија со сериозни предизвици во здравствениот систем. На пациентите со ретки болести им се заканува нова криза за недостиг на лекови. Дијабетичарите го кренаа многупати гласот против здравствените власти барајќи инсулин, глукомери и ленти затоа што месеци ги немаа. И најтешко болните -онколошките пациенти не беа исклучок, и тие имаа недостиг на биолошка терапија.