Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Македонија е се позависна од увоз – тоа ја кочи целата економија

Слабата заработка поради погрешните мерки и политики ги брка земјоделците од нивите.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Слабата заработка поради погрешните мерки и политики ги брка земјоделците од нивите. Само 20 проценти од храната и суровините во преработувачката индустрија се произведуваат дома, а за 80 отсто сме увозно – зависни. Една од причините зашто Македонија е закотвена на дното во регионот по раст на БДП и според  проекциите на ММФ и според Светска Банка  е тоа што премногу се потпираме на увозот. Бизнисот алармира дека  државата од извозник стана увозно зависна држава  и затоа  се неопходни конзистенти мерки.

Се наоѓаме во фантастична тешка состојба, односно 80 проценти од храната и суровините кои учествуваат во индустријата се увезуваат, а само 20 проценти ги произведуваме сами , тоа е   исклулчително тежок момент и тоа покажува дека не се преземани квалитетни и конзистенти мерки во насока на тоа, вели Горан Георгиевски од ССК

Забелешките од Светска банка беа дека во време кога се намалени цените на нафтата и на храната треба да се бараат мерки за да се зголеми земјоделството оти Македонија има предност во смисла на достапност на земјиште.

Реклама

Според Георгиевски за да се стимулира домашното производство треба да се преземат чекори за субвенциите да стигнат на вистинска адреса.

 Бидејќи имате ситуација каде се доделуваат субвенции секоја година во самото земјоделие кои треба да резултираат со промена да расте производството, а ние имаме ситуација да доделуваме субвенции, а да се намалува производството, вели Георгиевски.

Инаку Растот на БДП во 2023 беше само 1 отсто. Проекцијата на ММФ за годинава е дека растот ќе биде 2,7 отсто, а Светска Банка 2,5 отсо. Двете институции проектираат инфлација од 3-4 % и предупредуваат дека дефицитот е на рекордно високо ниво.