Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Преку проект на УНДП, ромите – повратници од западните земји се обучуваат за реинтеграција во македонското општество

     Економско зајакнување и осамостојување, преку наоѓање на пристојна работа на Ромите-повратници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

     Економско зајакнување и осамостојување, преку наоѓање на пристојна работа на Ромите-повратници од западните земји, а на што пак, му претходат серија на мерки на кои веќе четврта година се работи преку проект на УНДП во три пилот-општини во земјава: Прилеп, Штип и Шуто Оризари, се основните предуслови за да се заузда галопирачката миграција на македонските Роми.

  „Дизајнирани се повеќе обуки, една е образованието за возрасни, но имаме и обука за меки вештини, имаме обука за дигитални вештини, правиме обука за дигитална писменост на повратниците и исто така овозможуваме да поминат и низ обуки за претприемништво и да се самовработат“, – вели Драган Ристовски од Програмата за развој на ОН – УНДП и проект-координатор.

   Проектот за Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците, кој кај нас се спроведува од 2020 година, а завршува на крајот од годинава, веќе ги давал и првите резултати.

Реклама

  „Минатата година тука во Прилеп имавме обука за околу 120 лица кои што поминаа низ обука за софт и дигитални вештини и имавме десетина лица кои што беа упатени на обука за претприемништво и изработка на бизнис планови, и на крајот двајца имаме кои што отворија и сопствени бизниси и кои што работат и се успешни приказни“, – објаснува Ристовски.

  Очекувањата се дека до крајот на годинава ќе има значителен број на семејства и поедници-повратници, на кои, благодарение на овој проект од корен ќе им се смени животот, а со тоа ќе се намалува и загрижувачката миграција кај ромската популација. Освен ова, од 2020 година досега, во рамките на овој проект, 22 возрасни лица се стекнале и со основно образование за што добиле и соодветни уверенија, со што пак, и шансите за понатамошно дообразување или за доаѓање до попристојни работни места на пазарот на трудот им стануваат поголеми. 

Каролина Дурло