Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Уште еден удар врз здравствените работници: Не го добија ветеното покачување на минималецот

Здравствениот систем во лер.  Речиси целиот сектор изразува незадоволство од условите ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравствениот систем во лер.  Речиси целиот сектор изразува незадоволство од условите , платите и односот на државата кон нив.

Последен во низата проблеми е  тоа што независниот синдикат  обелоденува дека дел од  здравствените  работници кои што  требало да добијат покачен минималец согласно всушност добиле плата по старата пресметка.

Во април за март што ја примија платата, минималецот е по старо исплатен, не е она што излезе во излезе во службен весник 22 596 него 21 175 . Минималците пак извисија тие што се по договор на дело. Од понеделник ќе има реакциија од наша страна, а таа реакција од врабтените во геријатрија е во негативна насока ќе нема каде да се лечат, сите ќе излезат на протест , вели Лазо Костовски – Претседателот на Независен синдикат во геријатрија 

Реклама

Проблемите на „договорците“ не застануваат тука. Иако помопезно се најавуваше решавање на статусот на 1117 здравствени работници, пред некој ден добија нова „честитка“ – конкурсите за нивно трајно вработување биле  поништени. За ова предупреди и техничката земеник министерка за финансии Елена Петрова дека во државната каса нема пари за трајно вработување на овие лица. Таа по средбата со синдикатот соопшти дека поднела и претставка до ДКСК.

Синдикатите остро реагираат дека здравствените работници се изманипулирани токму со договорите на дело и бараат да се укине таквиот механизам.

Повторно се излажани, повторно се донесени во заблуда и повторно ќе си работат како што си работеа со тоа што доаѓаат на работа и празници и недели и не им се плаќа затоа ние бараме, изманипулирани се со договор на дело, тој договор не треба да постои тој е криминален договор, исто треба да имаат истите права иако се под договор. Јас верувам дека во понеделник ќе се затворат многу здравствени установи, не само во Скопје, и надвор од Скопје, Лазо Костовски  – Претседателот на Независен синдикат во геријатрија 

Во понеделник во генерален штрајк влегуваат и приватните специјализанти. Тие бараат покачување на платите, оти не можат да преживеат со оние 26 илјади кои сега ги земаат , ваквиот чекор го преземаат откако власта не им исполна ниту едно баррање од претходниот предупредувачки протест иако им беше ветено.