Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Ветуваат, а не одвоиле пари да ги вработат – останува неизвесноста за 1117 „договорци“ во здравството

Кристина Алексиеска Срамно е и жално да се игра со човекови судбини,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кристина Алексиеска

Срамно е и жално да се игра со човекови судбини, од херои здравствените работници станаа заборавено минато.

Вработувањето на 1117 лица со договор на дело  во јавните здравствени установи кое помпензо беше најавено  од Димитар Ковачевски и Фатмир Меџити  стана лага на деценијата, реагираат синдикатите. Тие со месеци се препраќаат од институција во институција каде слушаат разни изговори зошто не се реши статусот на овие луѓето кои и по 13 години чекаат вработување, за на крај да се обелодени дека воопшто во Буџетот не биле планирани пари за бруто плати на овие лица.  По низата протести добија лично ветување од поранешниот премиер Ковачевски во декември минатата година дека ќе биде отворен конкурс и ќе се реши  што до денеска не се случи.

Реклама

2:28 Но, што се случи помина Нова Година, правевме протест пред Клинички центар, а одговорот од другата страна беше дека Министерот Бесими не го потпишува одобрувањето за работување на овие луѓе …. И цел месец беше одење од институција до институција, ова испадна лага на деценијата, вели за Алфа Боби Бојчевски –  национален координатор за здравство при КСОМ

Во март продолжила праксата на потпишување на договори на дело, и тоа на ниво на минимална плата 22.500 без пензиско и здравствено осигурување. Она што е уште поалармантно е дека одредени работници низ Македонија не биле повикани воопшто дури ни за ваков договор, после Нова Година биле оставени на улица.

 Си играат со судбината на млади професионалци, срамно и жално е да се игра со судбината на овие луѓе, не доликува на тогашен премиер, министер да ги лаже овие луѓе дека има финансиска поддршка , а да нема. Најдобро е да има закон за трансформација, но до ден денес не се случи , Македонија продуцира кадар за надвор, во оваа инфлација да оставиш луѓе на улица – жално, тажно и болно , лага на деценијата, вели Боби Бојчевски –  национален координатор за здравство при КСОМ

Дека во Буџетот за 2024 нема планирано пари за вработување на овие лица обелодени Дополнителната заменик министерка за финансии. Таа откри дека  Буџетската дупка на Македонија е 404,9 милиони евра, односно минусот на буџетот е веќе три четвртини од планираното, а Владата плати и пензии обезбедува во од и најголем дел од задолжувањето се користи за исплата на тековни трошоци.  Македонија троши петпати повеќе од што прибира пари во касата. Од министерстсвото за финансии пак се пофалија дека Буџетот бил ликвиден и дека дефицитот и финансирањето е согласно планираното.